Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру?

Од:

На денешниот народен митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Филипче и го повика јавно да каже што мисли за неговиот ментор и гуру од Струмица.

„Од причина што се срами да каже, и затоа што е лицемерен и едно зборува во јавноста, додека истовремено глуми и одработува и кова заеднички планови со него, го повикувам Филипче да каже јавно што мисли за неговиот ментор и гуру, дали бил добар претседател на Владата и дали тој направил добро за Македонија. Нормално не очекувам да даде одговор којшто сите ние добро го знаеме граѓаните. Затоа на овие избори секој човек во животот има момент кога треба да одлучи. Не за политика. Туку за тоа кому му верува, кого го препознава како свој. Кој е тука кога е тешко, кој не се крие кога треба да се одговори, кој го познава твоето маало, твојата мака, твојата борба“ кажа Мицкоски.

Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат и да гласаат за број 9 за подобра и достоинствена иднина.

– Многу е важно да излезете на избори и да гласате. Македонија е исправена и подготвена да оди напред! Нема поголема сила од народот кој верува, од народот кој знае што сака и кој знае дека иднината е во негови раце. Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата