Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

Од:

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна помеѓу Левица и ДУИ којашто е многу опасна.

Мицкоски посочи дека во минатото ги видовме активистите и членовите на оваа политичка партија Левица како дел од така наречената Шарена револуција кога уништуваа, фарбаа, палеа државен имот, кога уриваа држава.

„На отворена сцена гледаме како има една непринципиелна коалиција која мораме да ја изнесеме на чистина. Тоа е коалиција којашто ја направија ДУИ и политичката партија Левица, тоа е коалицијата која ја направија Али Ахмети и Димче Апасиев. Оваа коалиција е многу опасна. Зошто? Затоа што во минатото ги видовме активистите и членовите на оваа политичка партија Левица како дел од така наречената Шарена или обоена револуција кога уништуваа, бојадисуваа, палеа државен имот, кога уриваа држава. Ги видовме понатаму како добиваат скапо платени хонорари од СЈО, последно време сведоци сме како влечат партиски пари за личните удопства и луксузи коишто ги имаат“, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски се наврати и на кажувањата на Зоран Заев од минатото како на собраниската говорница му се обраќа на Димче Апасиев и му вели, пред едни избори, нели јас и ти се договоривме јас да ти обезбедам ресурси, јас да ти обезбедам средства з да добиеш некој глас повеќе, за да добиеш некое удопство повеќе, а потоа после изборите да бидеме заедно во коалиција и да ја спасувале, како што тој кажа, Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан, на што Апасиев ја наведна главата и си замина од собраниската сала.

„Денес ги гледаме истите овие од Левица со нов стопан. Но, овој стопан е од Зајас, се вика Али Ахмети, па ќе видите како низ Македонија во општини каде што, апсолутно, немаат ниту теоретски шанси да освојат градоначалник, тие кандидираат кандидати за градоначалници, како Тетово, како Гостивар и Струга.

Мицкоски порача, ако се чувствуваат толку силни и веруваат во себе, зошто не кандидираа кандидат за градоначалник во родниот град на Димче, во Велес или пак во родниот град на вториот по важност во Левица, Крмов во Штип.

„Одговорот е многу едноставен. Тие се таму прокси улога на потребите на ДУИ и имаат за цел да ги акумулираат анти ДУИ, анти Али гласовите, со цел да му удоволат на нивниот нов стопан Али Ахмети и ДУИ“, посочи Мицкоски.

Затоа, повика Мицкоски, на 19 октомври македонските граѓани имаат историска можност да излезат масовно низ цела Македонија да го заокружат бројот 9 и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за вистинскиот избор, за твојот човек, твоето место, за твојата иднина.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: На раководството на СДСМ не му веруваат ниту традиционалните гласачи

Мицкоски: СДСМ е сведена под сопствениот лимит на гласови од околу 120 илјади поради три причини безидејност, предавствата и поради тоа што стана приватизирана партија

Мицкоски: Надвор од тековните трансфери од централниот буџет, за Кочани ќе се обезбедат дополнителни 100 милиони евра, пари кои ќе се вложуваат во инфраструктурни проекти

Мицкоски со предлог: Во Карбинци е добро да има населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат, така младите полесно ќе формираат заедница и ќе имаат повеќе деца

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина