„Гордана може да изгуби само со тежок фалсификат или изборен инженеринг. Денес имаше нерегуларности, притисоци, закани и веројатно и брзи прсти и индиции за поткуп. Европа е се подалечна цел со овие луѓе. Затоа на Македонија и требаше техничка влада која ќе гарантиташе непристрасност на процесот“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција во партиското седиште.
Тој рече дека ова не го кажува за да бара алиби, туку дека ова е вистината за реалноста во Македонија.
„Не давам ветувања кои неможам да ги исполнам и затоа кажувам дека оваа власт е свесна дека е минато и дека ќе падне – ќе ги поразиме заедно со народот. Колку и да слават ова е лош резултат за нив тој е резултат на бексупулозното пазарење, знаеме што се си ветил за ова денеска да се случи. Денеска Македонија се буди во нова реалност, општествена реалност која значи делегитимирана власт“, рече Мицкоски.
Тој вели дека Зоран Заев и Стево Пендаровски знаат што ги чека и што ќе им тежи од денеска па натаму.Од денеска им почнува вистински политички пекол кој ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во земјава.
Стево вика: „Слушајте го врховниот командант“, а јас велам: „Повторно грешите, слушајте го народот“, рече Мицкоски.
Според него, реалноста значи нивна победа во најголемиот број на општини.
„Сега победивме со уште поголема и поубедлива разлика отколку во првиот круг. Му се допаѓало некому или не од денеска реалноста е следна – ако имаме парламенатарни избори партијата која народот ја избра на овие избори и ќе освоеше навеќе мандати и пратеници е ВМРО-ДПМНЕ. Партијата споредено со коалицијата на СДСМ освои најголем број на гласови. ВМРО-ДПМНЕ направи одличен резултат, партијата е повторно најголемата политичка сила во Република Македонија“, рече тој и додаде:
„Продолжуваме да работиме со двапати поголема мотивација за на следните парламентарни избори е да стигнеме до бројка од половина милион гласови“.
Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата и Гордана Сиљановска Давкова победија во Зелениково, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, во Бутел е нерешено.
„Гордана победи и во Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија. Победивме во Прилеп,Свети Николе, Валандово, Василево, Вевчани, Виница, Градско, Дебарца, Демир Капија, Зрновци, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Пехчево, Пробиштип, Росоман…“, рече Мицкоски кој и се заблагодари на Сиљановска и порача дека партијата смета на неа.