Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

Од:

Граѓаните не се задоволни од начинот на којшто функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште кое изобилува со многу контроверзии и скандали, рече денеска премиерот, Христијан Мицкоски и порача дека не може да се направи целосно распуштање или за кратко време да бидат детектирани аномалиите.

Според него, може да биде избран Судски совет кој објективно без партиски стеги и интереси ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судиите се однесуваат и какви одлуки носат.

„Цениме дека треба да удриме во чело, не треба да импровизираме и да правиме импланти. Ударот подразбира дека сето она што е во ингеренции на парламентот, односно таму каде што се бираат членовите на Судскиoт совет, таму и да се изгласа интерпелација. Точно е дека и покрај интерпелацијата, тие може да останат и натаму да бидат во Судскиот совет. Но во услови кога оној што те изгласал ти гласа недоверба и ти продолжуваш да водиш инает, тоа не е добро, и тогаш имаме други механизми и алатки. Но јас се надевам дека доколку парламентарците изгласаат недоверба или интерпелација на членовите на Судскиот совет, тие ќе бидат доблесни и ќе се повлечат“, рече премиерот Мицкоски.

Тој претходно во објава на социјалните мрежи извести дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он