Мицкоски: Буџетот е предимензиониран, власта го користи за крадење

Од:

Буџетот е предимензиониран. Буџетот кој што деновиве еве во јавноста како информација се соопштува не соодветствува на реалната економска состојба на државата. Предимензионирани се расходите. И веќе во првата година практично Владата го крши она правило на буџетскиот дефицит кој што претходно со Законот за буџет го усвои Парламентот односно е поголем од 3% како што е таму дефинирано. Со тоа уште еднаш го покажуваат својот лажен карактер“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Прилеп.

Мицкоски додаде дека предложениот буџет е предимензиониран и не соодветствува со реалната економска состојба во државата.

„И она што исто така сакам да кажам е дека користат иста реченица односно исти два збора тоа е „златното правило“, познато како златно правило, минатата година истиот овој Бесими кога го најавуваше Буџетот за 2022 година ги користеше двата збора „златното правило“. Кога велиме двата збора „златното правило“ тогаш тој го поврзуваше со капитални инвестиции, и најпрвин најави рекордно ниво на капитални инвестиции околу 38 милијарди денари, за да со ребалансот ги намали на 32 милијарди денари. А, ако го видите пресекот на моменталната состојба на капиталните инвестиции ќе видите дека таа бројка е околу 14 милијарди денари. Значи тоа е невозможно сега тој за два месеци 18 милијарди денари да ги инвестира во капитални инвестиции“, појасни тој.

„Истото сега го најавуваат за до година со истите зборови само сега тоа го прави Ковачевски, вели „златното правило“ при капиталните расходи и сега најавува не 32 милијарди денари, не 38 милијарди денари, туку 49 милијарди денари. Но, тоа е повторно уште една лага, истата манипулација како и минатата година. Треба да кажат јасно и гласно на граѓаните дека буџетот е наменет исклучиво за крадење бидејќи тоа е последната година, последните месеци од тоа да бидат тие власт во Македонија. Но, не треба да заборават дека следната Влада ќе повика на одговорност“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека власта ако мисли дека вакви рекордни расходи ќе ги крадат во договори и тендери со четири очи тука се лажат.

Би можело да ве интересира

Клековски нов министер за здравство, Велковски за социјална политика и демографија, Стоиљковиќ за локална самоуправа, Перински директор на ФЗОМ

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

Мицкоски: Цените во маркетите се приоритет, ако треба ќе се анализира „фактура по фактура“

А1он

ВИДЕО: Мицкоски вели има договор за реконструкцијата, имиња не потврдува до утре вечер

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Мицкоски: Соседна држава шири теза ЕУ да ја сопре финансиската помош за Македонија за таа да клекне и да го исполни барањето, а истата опасна теза ја шири опозицијата во земјава