Мицкоски: Бошњаците од секогаш биле сврзен елемент во македонското општество

Од:

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Денешниот ден е голем ден за припадниците на вашата заедница, кога на себошњачкото собрание во Сараево е вратено вашето национално име „Бошњак“, што е ваш симбол на себеидентификација и национална гордост, се вели во честитката на Христијан Мицкоски.

Тој вели дека Бошњаците од секогаш биле сврзен елемент во македонското општество и биле лојални граѓани на Република Македонија, со почит кон другите и го промовирале демократскиот и економски напредок на државата.

„Бошњаците придонеле кон градење на доверба во македонското општество и градење на соживот. Македонците и Бошњаците како народи кои повеќе пати во историјата живееле во исти држави имаат големи сличности, и покрај сите искушенија и напади, нашите народи опстанале и преку мултикултурно општество изградиле силни држави, со етничка кохезија, почит и разбирање. Уште еднаш најсрдечно ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците, со искрени желба за здравје, радост и успех на вас и вашите фамилии“ пишува во честитката на Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина