Мицкоски: Барањето за поголем правосуден буџет значи и повисоки плати

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека барањето за поголем буџет во правосудството е исклучително само заради зголемување на платите. Секој, нагласува Мицкоски, кој вели дека станува збор за платите, не ја говори вистината. Смета дека доколку им се потребни средства за вработување персонал како што велат, треба да направат список и преку Министерствто за финансии дополнителните средства ќе им бидат обезбедени. Дециден е дека нема да им се даде 0,8 посто од БДП, бидејќи, како што истакнува, државата има и други приоритети.

-Кој кажува дека не станува збор за покажување на платите, не ја кажува вистината. Најдиректно станува збор за тоа и би сакал со тие кои велат дека не е така најдиректно да аргументирам член по член, барање по барање. Бараат вработувањата и унапредувањата да ги одобрува Советот на јавни обвинители и Судскиот совет. Бидејќи велат нам не ни требаат пари за плати, туку да вработиме персонал, немаме – ИТ експерт, сметководител, немаме дактилограф, технички асистент, ние велиме добро направите список на судовите и обвинителставата и ќе ви обезбедиме пари со ребалансот на Буџетот, преку Министерството за финансии, вели Мицкоски.

Премиерот на брифинг со новинарите истакна оти тие средства ќе бидат наменети за вработување лица кои ќе ги изберат судовите и обвинителствата, откако ќе им бидат одобрени од Судскиот совет и Советот за јавни обвинители и оти треба да го направат тој список кој од нив се бара.

-Тој буџет што тие го бараат од 0,8 проценти нема да го дадеме, макар и да е задолжителен. Затоа што 0,8 од БДП на 20 милијарди долари од БДП е 160 милиони долари. Толку пари не може да дадеме затоа што треба да издвоиме за НАТО 3,5 проценти за воени трошења и 1,5 проценти за критична инфраструктура, треба да издвоиме за плати, за пензии, за социјални трансфери… Трипати да го зголемиме буџетот за судовите пари нема и нема да го зголемиме туку ќе дадеме за вработувања за кои тие велат дека им се потребни, нагласува Мицкоски.

Тој вели дека според Извештајот на Советот на Европа кој се темели на бројки од 2022 година, за правосудство – судови, обвинителства и бесплатна правна помош земјава издвојува 0,39 отсто, иако, како што посочи, според наши бројки е 0,44 проценти.

– Сепак и да е 0,39 со зголемувањето кое го бараат за вработување персонал би се качил процентот на околу 0,4 отсто, вели премиерот Мицкоски.

Според него, многу понеопходно е да се вработат нови судии и јавни обвинители, но за тоа, потенцира, треба да заврши постапката за 9 генерација, па да се распише конкурс за десеттата и единаесеттата генерација.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации