Мицкоски: Бараме преодна влада без ДУИ, рамен терен за изборна борба и зачуван идентитет

Од:

„Ова е преодна влада која што ќе биде со важност до организација на избори, а потоа граѓаните ќе одлучат. Добро е да сме дел од тој процес, на тој начин ќе спречиме евентуална злоупотреба на изборниот процес и неправилности, што е важно за да имаме кредибилен изборен процес и тоа на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе им даде доверба дека процесот кој следи и претседателски и парламентарни се согласно законите и Уставот“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Кочани, одговарајќи на новинарско прашање за предлогот за преодна влада иако со ВМРО-ДПМНЕ и СДС се ривали.

Мицкоски појасни дека тоа треба да биде преодна влада без учество на ДУИ со сите останати политички партии, односно дека добро е консолидираната опозиција на албански политички партии да биде дел од таа влада, додека уставните измени да важат откако Македонија ќе стане дел од ЕУ.

„Идниот премиер нема да биде премиер поради договорот кој го направиле СДС и ДУИ, туку ќе биде премиер кој го избрале мнозинството пратеници во рамите на Собранието. Тоа го предложивме ние како ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме одговор од СДС“, рече Мицкоски.

„Кога станува збор за уставните амандмани ние рековме во ред, еве да речеме да го прифатиме гласањето за тие но, но да биде ефектот одложен односно со одложено дејство. Тоа значи практично околностите нема да се променат нема да имаме промена на устав тие амандмани нема да бидат дел од новиот устав се до моментот додека Македонија не стане земја членка на ЕУ. На тој начин го заштитуваме нашиот идентитет и на тој начин ние кажуваме дека нема да има дополнителни отстапки кои ќе можат да му наштетат на нашиот идентитет“, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски