Мицкоски: Барам веднаш, ако е толку добар предлогот Владата да го објави на нејзината страна

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на електронската страна на Владата, посебно ако е толку добар како што тврдат,.

-Нема никакви корекции, менувани се малку зборови. Ова е дебакл. Ако е така како што кажува Ковачевски тогаш требаше да го видиме предлогот на веб страната на Владата. Барам веднаш, ако е добар толку овој предлог да го објави Владата на нејзината веб страна. ВМРО-ДПМНЕ под никаков притисок нема да прифати решение штетно за народот и за Македонија, рече Мицкоски.

Тој кажа дека за ВМРО-ДПМНЕ, предлогот кој првично беше објавен бил отфрлен и ништовен за партијата.

-Напоменуваме дека сето она што се случуваше изминатиот период од Владата која го лажеше народот дека не е запознаена со предлогот, се со цел, како денеска со нарачани реченици во медиумите се обидува да создаде впечатокз за голем триумф со новиот предлог.

Овој модифициран предлог за кој се говори го немаме видено, ниту истиот сме го прочитале. Но можеме да кажеме врз основа на информациите кои ги имаме тој не е ништо друго освен два различни збора од првиот предлог. Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија сега имаме нокаут со продолжено дејство, рече Мицкоски кој најави и политички притисоци кон него.

Мицкоски кажа дека има сомнителни работи дека предлогот не е добар и дека се работи за дипломатски нокаут.

Овој предлог веднаш беше прифатен од Петков и Радев. Во државата немаат влада и парламент, моменталниот мандатар и актуелниот претседател истиот овој модифициран предлог кажаа дека е одлично решение и веднаш го прифатија.

-Се чудам од каде знае Еди Рама дека овој предлог е прифатлив за Македонија и македонскиот народ, а македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ не го знаат? Од каде Рама ја има информацијата, а ние со граѓаните ја немаме?

-Третата причина зашто сметам дека е нокаут, е зашто СДСМ и ДУИ имаат традиција на предавство, затоа предлогот го кријат наместо да ја запознаат јавноста, рече Мицкоски. Според него не смее Македонија да дозволи иднината да ја решаваат Бујар Османи и Бојан Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации