Мицкоски: Амбасадорот на Холандија даде потврда за се она што ВМРО-ДПМНЕ со години наназад го зборува, тоа е реалната слика за Владата на СДСМ и ДУИ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ при посета на Општина Кисела Вода одговорајќи на новинарско прашање за негов коментар за изјавата на холандскиот амбасадор тој посочи дека како ВМРО-ДПМНЕ тоа го зборува подолго време наназад, откако овие две партии се власт.

„Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме со години наназад, дека не владее правото, дека е партизирано и октроирано судството, се вршат притисоци врз судии, се избираат партиски судии и во судски совет, обвинители се бираат. Сега повторно имаме таков оглас каде набрзина се прават притисоци да се изберат нови судии и обвинители пред одење за да можат на тој начин овие криминалци во владата да бидат заштитени или барем така мислат дека, ако си постават свои судии и обвинители набрзина дека сето она кое идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне тие практично ќе го опструираат во процесот на истраги, судски предмети или пак пресуди во конечен случај“, изјави Мицкоски.

Според претседателот Мицкоски ова е само потврда на се она што се случува во изминатите повеќе од 6 години Влада на СДСМ и ДУИ.

„Ова е само потврда дека тоа што се случува изминативе нешто повеќе од 6 години Влада на СДСМ и ДУИ не само што ја врати години наназад Македонија туку ќе ни треба време за да ја вратиме во нормален колосек државата, а потоа и да ја развиваме онака како што сакавме да ја видиме оваа држава во рани 90-ти кога стануваше независна“, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски