„Мичуринска средба“ по 21-ви пат

Од:

Традиционалната „Мичуринска средба“ в петок ќе се одржи по 21-ви пат на платото во паркот во населбата Мичурин. Организатор е Здружението на граѓани „Мичуринска средба“ со поддршка на општина Аеродром.

Во рамките на годинашната „Мичуринска средба“ е предвидена и детска програма, која ќе почне од 17 часот, а централната манифестација е закажана во 19 часот.

Големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одбележи со богата музичка програма и со кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум на средбата. Предвидено е да присуствува и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, како минатогодишен кум, кој треба да го предаде кумството.

За време на манифестацијата ќе се послужува топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи, а крајот ќе биде означен со голем огномет.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан