(ВИДЕО) Мичел: САД и понатаму ќе се ангажираат за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

Од:

На денешната средбата со премиерот Зоран Заев разговаравме за безбедносната состојба на Балканот, проблемот за името кој го имате со Грција и евро-атлантските интеграции на Македонија. САД и понатаму ќе се ангажираат и ќе учествуваат во процесот за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, изјави Вес Мичел, помошникот државен секретар за европски прашања на Стејт Департментот на САД по средбата со премиерот Заев.

Тој истакна дека датумот за влез на Македонија во ЕУ и НАТО не е фиксен и зависи од интересите на Европската Унија, НАТО и Македонија.

– Вратата за влез во НАТО за Македонија останува отворена. Заедно со премиерот Заев и понатаму ќе работиме на унапредување на процесот, рече Мичел.

Помошникот државен секретар на САД изјави дека Македонија преземала големи чекори напред во однос на членството во ЕУ и НАТО и ја охрабрува државата да продолжи со истото темпо.

Денешната посета на американскиот помошникот државен секретар за европски прашања на Стејт Департментот на САД, Вес Мичел, е втора дестинација во рамките на неговата турнеја низ земјите на Западен Балкан. Мичел вчера беше во посета на Косово, а задутре ќе отпатува во Атина, каде ќе се сретне со претставници на грчката влада, со кои ќе разговара за продлабочување на односите меѓу САД и Грција, проблемот со името со Македонија и билатералната соработка за зајакнување во областите на одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов американски напад на Кариби, тројца мртви

Азизи: Техеран нема планови за разговори со Вашингтон

Русија објави можност за нормализирање на односите со САД

„Киев пост“: Дали на САД им снема опции за нови санкции против Русија?

Мадуро со порака до Трам, бара САД да се заложи за мир меѓу двете земји

Горан Наумовски

Планот на САД за Газа предвидува „Црвена зона“ каде што не е планирана реконструкција