Мицевски: Заев и неговите министри повторно избегаа од одговори

Од:

Во Собранието на Република Македонија, последен пат, седница за поставување на пратенички прашања имаше на 30-ти јули оваа година. Дури пет месеци, ако го броиме и декември, на пратениците им е ускратено правото да поставуваат пратенички прашања, истакна на денешната прес-конференција координаторот на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Потестува дека од 17 месеци Влада, 8 пати имало поставување на пратенички прашања.

-Според Деловникот односно одредбата во Деловникот се вели дека пратенички прашања се поставуваат во последниот четврток во месецот. Но не е така кога СДСМ е на власт. Денес, Владата повторно сака да избега од одговорност, сака да избега од соочување со проблемите кои ги мачат граѓаните, сакаат да избегаат од скандалите и афетите за кои станаа рекордери. Иако Владата е во оставка, според Уставот нема никаква пречка да се одржи седницата за пратенички прашања и владините функционери да дадат одговори на прашањата од пратениците. Имено, во членот 93 во ставот 5, јасно стои дека Владата на која е изгласана недоверба или која поднела оставка, како во овој случај или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието останува на должност до избор на нова Влада. Зоран Заев и неговите министри повторно свесно го кршат Уставот, нешто што впрочем им стана пракса. Дојдоа на власт преку кршење на Уставот и Деловникот, така и си заминуваат, истакна Мицевски.

Посочи дека денес, Зоран Заев и неговите министри избегаа од одговори кои треба да ги дадат на јавноста, а се однесуваа за криминал, корупција, надворешна политика, енергетска криза, како и локални проблеми кои ги мачат граѓаните.

-На пример, денес Заев избега од одговор за прашањето за 5+1 пакетот одговори кои македонската страна го прати до Бугарија. Никој не знае што содржи овој пакет, никој не знае дали Владата повторно се согласила на некои отстапки кои се однесуваат на идентитетот и јазикот и дали ги прифатила условите на бугарската страна за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ. Владата денес, исто така избега од одговори за прашањата кои директно ги засега граѓаните, а се поврзани со енергетската криза во која што се наоѓаме. Нема одговори за тоа колку ќе се покачи цената на струјата, нема одговри ниту за криминалите во енергетскиот сектор за кои е сведок целата македонска јавност. Бегаат од одговори и одговорност за трагичната автобуска несреќа во која животот го загубија 45 наши сограѓани, за која се испостави дека не се работи само за обична несреќа туку за катастрофално нефукнкционирање на системот, низа на пропусти поврзани со дозволите за транспорт, лиценци и технички преглед на возилото. Иако веќе еден месец се кријат и бегаат од одговор за скандалот со пропуштањето на 1 тон наркотични супстанци во државата, денес повторно со неодржувањето на седницата за пратенички прашања повторно избегаа од одоговри за оваа криминала афера. Нема одговори ниту за скандалот што деновиве ја тресе Македонија, поврзан со продажбата на АД Славија, за кои има индикации за сериозен криминал и корупција, а за кој Зоран Заев и неговите министри молчат. Граѓаните не добија ниту одговори за прашања кои се оденсуваат за локални проекти кои СДСМ им ги ветувал, а сеуште нема никаква реализација, изјави Мицевски.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата

Мицевски повика итно да се донесат измените на Законот за патни исправи

Мицевски: Проблемот со испразнетото место во ДИК ќе се надмине, еден од кандидатите ги повлекол документите

Има 20 потписи за свикување итна седница, денес може да се изгласаат измени за возачките и личните карти

A1on