Мицевски: Владејачкото мнозинство само себе се блокира во Собранието бидејќи нема 61 пратеник

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска изјави дека владејачкото мнозинство во Собранието во моментов само себе се блокира бидејќи нема 61 пратеник за одржување седници.

-Зголемување на мнозинство од почетокот на годината јас не видов. Парламентот не може да собере 61 пратеник за утврдување на дневен ред и почнување на одредена седница. Разговори гледаме дека има кога ќе завршат ќе се произнесеме. Наше мислење е дека во моментов немаат 61 пратеник и дека Собранието не работи, односно активна блокада на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ моментално е ставена во мирување. Сами себе се се блокираат затоа што немаат 61 во Собранието, рече Мицевски.

За коментарите дека се потребни шестмина до осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за да се постигне бројката од 80 пратеници за уставни измени, Мицевски вели: Кај нас викаат „Прво средете си го сопствениот двор, па после гледајте во туѓите дворови“.

-На ова законско решение (предлог закон за амнестија на лицата осудени во настаните од 27 април) потпишани се 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата така што самото потпишување на 44 пратеници на ова и поддршката што ја имаме од целата пратеничка група дава доволен одговор на сите калкулации и на сите спинови кои сакаат да се направат на темата, истакна Мицевски.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги