Мицевски: Не го прифативме Преспанскиот договор, нема да прифатиме ниту промена на името на Армијата

Од:

Нашиот став е непроменет и јасен, не прифаќаме и нема да гласаме за промена на името на Армијата, рече Никола Мицевски, координатор на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема да дозволиме промена на името и обезличување на Армијата. Не го поддржавме преспанскиот договор, не поддржавме промена на името, не прифаќаме ниту промена на името на Армијата. Поднесовме идентичен закон, но без промена на името на Армијата. Ако беа искрени во намерите ќе го прифатеа нашиот предлог-закон.Со ова однесување потврдуваат дека се заштитници на овој хибриден режим, корупцијата и непотизмот“, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ