ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Коцевски

Од:

Без оглед на суштинските и сериозни разлики што постојат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и политичката партија Левица особено во однос на нивниот политички курс и соработката со СДС нашата заложба за бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал останува цврста, доследна и недвосмислена. Таа борба не смее да зависи од политичките калкулации или од моменталните партнери во опозицијата или власта. Таа борба треба да биде водена од принципи и убедувања дека државата мора конечно да добие функционален, независен и храбар обвинителски систем, кој нема да молчи пред очигледен криминал, кој нема да трепери пред политички притисок, и кој нема да се претвори во соучесник на тие што ја поткопаа државата“ рече денеска на прес-конференција во Собранието Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија“.

Посочи дека институциите, во соработка со обвинителството со години молчеа пред огромните скандали, голем дел предизвикани од врвот на СДС и ДУИ, што ѝ се добро познати на јавноста. Тие случаи не се и не смеат да бидат заборавени туку тие се и денес отворена рана на ова општество. А јавното обвинителство остана рамнодушно и пасивно пред тие извори на неправда“.

Токму затоа сметаме дека дадената шанса за Љупчо Коцевски е веќе потрошена. Поддршката што тој ја доби не ја оправда. Наместо реформа и интегритет добивме молк и сервилност кон власта што беше поразена од народот. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата, во интерес на принципите, граѓаните и правдата. Нема веќе простор за компромиси со неуспехот. Време е за одговорност“ – рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Државниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница