[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]
Нов обид за извртување на изјави, или слободно толкување на МИА.
Под наслов „Oпозицијата негира дека ќе ги враќа пратеничките мандати“, државната агенција објави:
На новинарско прашање дали ќе ги бојкотираат локалните избори Макрадули одговори дека блокадите што ги прави опозицијата и граѓанскиот парламент во секое место надвор од Скопје не е подготовка за локални избори, туку борба за враќање на слободата и демократијата во Република Македонија.
Според Макрадули, манипулација се информациите дека наскоро ќе почне процедура за враќање на мандатите на пратениците од СДСМ.
Eве што изјави Макрадули на прашањето дали враќањето на пратеничките мандати е со цел опозициските пратеници да добијат апанажа.
„Уште една од гнасните манипулации на Центарот за лаги и манипулации е дека тоа некој го прави за да се најде на некаква апанажа. Простете ми на изразот, ама тоа е глупост. Враќањето на мандатите е последниот чекор од демократските методи на барање за решавање на политичката криза со политички дијалог. Кога ќе се исцрпат сите можности за политички дијалог и договор, тоа е само еден мал чекор во целиот тој процес“, изјави Макрадули.
Во видеото и интегралната изјава на Макрадули.