МГ Фешн: Градежната дозвола е целосно усогласена со сите правни нормативи во земјата, а воедно истата е и правосилна

Од:

Од компанијата „МГ ФЕШН ДОО Скопје“ која е инвеститор на градбата кај паркингот во близина на Холидеј ин, реагираат на соопштението од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Соопштението на „МГ ФЕШН ДОО Скопје“ го пренесуваме во целост:

„Во врска со наводите изнесени во соопштението за јавност од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ дека дозволата за градба на парцелата 1.1 спроти „Холидеј Ин“ е нелегална, сакаме да ја известиме јавноста дека градежната дозвола е целосно усогласена со сите правни нормативи во земјата, а воедно истата е и правосилна, како што е легален и ДУП-от врз основа на кој е издадена.

Ја замолуваме иницијативата „Шанса за Центар“ да не изнесува невистини во јавноста, за целосно легитимна правна постапка. Станува збор за постапка која е започната пред многу години и во истата нема никакви правни недоследности.

Потсетуваме дека МГ Фешн правото на сопственост го има стекнато со откуп на приватен имот и дооформување на парцела, односно откуп на државно земјиште од Министерството за транспорт и врски во 2018 година, а за откупот позитивно мислење има издадено и Државното правобранителство.

Согласно членот во Законот за урбанистичко планирање на кој се темелеше иницијативата за суспензија на проектот, треба да се докаже несомнена штета по јавниот интерес што е воочена при спроведување на планот и која би се зголемувала со неговото спроведување. Ваква штета не е докажана, а воедно на овој начин одредбите од законот се злоупотребуваат за цели кои се во спротивност со јавниот интерес и правата на граѓаните.

Гранд Скопје ќе биде урбан и зелен комплекс со модерни објекти и во интерес на сите граѓани, воедно потсетуваме и дека истиот ќе биде со 40% искористеност од максимално дозволените урбанистички параметри во актуелниот ДУП.

МГ Фешн, како општествено одговорна компанија, во рамки на овој комплекс предвидува и јавен простор со површина од 7.500м2 како донација кон градот и сите граѓани, а за чие идејно решение ќе биде распишан јавен конкурс во соработка со Општина Центар“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Герасимовски издаде одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“; „Шанса за Центар“ го потсети дека планот е незаконски

Маја Илиевска-Пачемска

Започнува кампања за промоција на комплексот „Гранд“ – наскоро најатрактивната локација достапна за потенцијалните станари

Инспекцијата од Центар не направила увид кај „Холидеј ин“ оти нема жалба, ниту поплака за новата дваесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска

Градежен инспекторат: Центар треба да ја прекине градбата на дваесеткатницата кај „Холидеј Ин“

Градежниот инспекторат мижи за изградбата на дваесткатницата кај „Холидеј Ин“, „Зелен хуман град“ најави кривична

Маја Илиевска-Пачемска

Жители на Ново Маало: Поддршката за протестите на „Зелен Хуман Град“ е еднаква на нула

А1он