МФН и ЕФМ: Отстранувањето на новинарите од галеријата е цензура

Од:

Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари застанаа зад својата членка, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ССНМ, во осудата на одлуката за отстранување на новинарите од расправата за буџетот на 24. декември.

„Ја осудиваме одлуката, на новинарите да им се забрани следење на дебатата за прашања кои се од јавен интерес“ изјави претседателот на Меѓународната федерација на новинарите Џим Боумела.

„Оваа мерка е спротивна на добрите практики на парламентаризмот што својата работа ја води пред очите на јавноста. Клучен услов за тоа е пристапот на новинарите до информациите. Со наредбата да се отстранат новинарите властите се ставија во позиција да одредуваат за тоа што смеат, а за што не смеат да известуваат.“

ССНМ соопшти дека својата одлука властите ја објаснуваат со безбедносни причини, но буџетот предизвика жестока политичка дебата и тензии во Македонија. Синдикатот ги обвини законодавците за кршење на уставот и парламентарниот деловник кој во принцип бара седниците да бидат отворени.

И Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари го поддржуваат ССНМ во осудата на оваа одлука која се сведува на цензура и забрана за слободен проток на информации.

„Одлуката е многу повеќе обид за контрола на информациите отколку што е одговор на какви било безбедносни причини “, додава претседателот на Европската федерација на новинарите Арне Кениг.

„Нашите колеги заслужуваат извинување и гаранција дека ваква мерка никогаш не смее да биде повторена“

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on