Металург добива 22.800, Вардар Про 8.800 франци од ИХФ

Од:

Нашиот шампион Металург ќе добие 22.815 швајцарски франци оштета од Светската ракометна федерација (ИХФ), за настапот на ракометарите на завршницата од СП 2013 Шпанија. Овој надомест на име „загубени плати“ клубовите ќе го добијат бидејќи ги исплаќа играчите додека тие се со своите репрезентации.

Во однос на претходното СП во Шведска, сега надоместокот е зголемен за 33 отсто. Плаќањето е по играч за изминат ден на СП, и во зависност од освоеното место на репрезентацијата за која играат.

Металург имаше 11 играчи, девет играа за Македонија, еден за Србија и еден за Црна Гора, додека Вардар Про имаше четворица ракометари.

Македонија го освои 14. место, а за ракометарите што настапуваа, клубовите ќе добијат по 200 швајцарски франци на ден. За Младен Ракчевиќ клубот ќе добие само 75 франци од ден, бидејќи Црна Гора беше на 22. место.

Сумата што ќе ја добие Вардар како отштета е 8.800 франци. Ракометната федерација на Македонија за пласманот на 14. место ќе добие 12.000 швајцарски франци.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он