Местото ви е во ЕУ и ние ќе направиме сѐ за тоа да се случи, ни порача унгарскиот министер Сијарто

Од:

„Унгарија е безусловен и посветен поддржувач на евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Дадовме безусловна поддршка и за вашето членство во НАТО, и сметаме дека вашето место е во Европската Унија, која не може да биде комплетна без државите од Западен Балкан, и тоа е од обостран интерес, како за ЕУ така и за вас, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, на заедничката прес-конференција со шефот на диломатијата Бујар Османи.

Сијарто рече дека во следниот период ќе направат сѐ, со цел земјава што побрзо да стане членка на ЕУ.

-Се надевам дека сите земји-членки во предвид ќе го имаат интересот на ЕУ, а тој интерес е државите од Западен Балкан станат што побрзо членки на Унијата. Ако тоа зависи од нас тогаш вие ќе станете многу брзо членка на ЕУ, и еврокомесарот Вархеји и Владата на Унгарија сме посветени поддржувачи на вашите евроатлантска интеграција и се надеваме дека во иднина нема да има потреба за поставување на никакви методолошки прашања во овој процес, рече тој.

Шефот на унгарската дипломатија уште еднаш го нагласи противењето на Унгарија кон обременувањето на процесот на проширување на ЕУ со внесување на билатерални прашања, како и дека ќе продолжат со својата конзистентна и гласна поддршка за наредниот чекор на Северна Македонија кон ЕУ. Сијарто денеска на Османи му предаде донација од шест илјади дози од вакцината АстраЗенека, што ќе биде наменета пред сѐ за припадниците на Граничната полиција во состав на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Престанете да се обидувате да нè вовлечете во вашата војна

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Сијарто ги обвини Брисел и американската левица дека сакаат да го соборат Вучиќ

Сијарто: Подготвени сме за мировните преговори меѓу Русија и Украина

Сијарто: Снабдувањето со руска сурова нафта за Унгарија е прекинато

Сијарто: Целта на Брисел е да ги отстрани патриотските и мирољубивите влади од регионот