Месиќ: Киро Глигоров е најзаслужен што во Македонија не дојде до војна

Од:

Киро Глигоров е најзаслужен што во Македонија не дојде до војна, кога на просторите на поранешна Југославија беснееја воени конфликти рече поранешниот Претседател на Хрватска, Стипе Месиќ при посетата на Охрид и средбата со градоначалникот Никола Бакрачески. Месиќ рече дека негов предлог како последен претседател на Југославија бил да се формира конфедерација помеѓу сите поранешни југословенски републики, но тој предлог не бил прифатен.

„Југославија без Тито неможеше да се одржи бидејки Тито беше главниот интегративен фактор. Излезот од целата ситуацијата беше да потпишеме нов политички договор и се обидувавме да дојдеме до решение.Мојот предлог беше да потпишеме еден конфедерален договор, а во исто време сите републики да прогласат независност. Потоа да прогласиме конфедерација во период од 3 до 5 години, па да видиме ако се одеше како што треба да продолжиме да функционираме така, ако не секој да продолжи по својот пат.Но тоа не беше прифатено и се заврши со војна, освен во Македонија која во тоа време го имаше на Киро Глигоров кој со своето водство успеа да ја извлече земјата од тие воени случавања и единствено Македонија беше надвор од тие случувања“, рече Месиќ.

Во однос на спорот за името Месиќ рече дека Европската Унија мора да го засили својот притисок особено врз Грција за да дојде што побрзо до решение на спорот за името.

„Од македонска страна, прашањето за името на државата е длабоко национално прашање. На друга страна, за истата работа постои Грција за која тоа е едно политичко прашање кое треба да се реши на политички начин. Тоа нема никакво влијание на животот во Грција. На грчката страна нема доволно разбирање, а мене ми се чини дека не постои и доволен притисок на Европа врз Грција за да се забрза решевањето на македонско-грчкиот спор“, рече Месиќ.

Би можело да ве интересира

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски