Мешани македонско-албански полициски патроли на струшката ривиера

Од:

Мешани македонско-албански полициски патроли од денеска ќе патролираат низ најфреквентните туристички локации на брегот на Охридското Езеро во Струга.

Станува збор за активност насочена кон подобрување на безбедноста на туристите од Албанија и Косово кои летуваат во Струга, нивна поголема доверба во службите задолжени за личната безбедност, но и во насока на подобрување на соработката меѓу полициите на Република Македонија и Република Албанија генерално.

– Полициските патроли составени од албански и македонски службеници пред се ќе делуваат превентивно, како дополнителна помош на редовните полициски патроли задолжени за одржување на јавниот ред и мир, истакна портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.

Мешани полициски патроли составени од албански и македонски службеници веќе патролираат низ албанското летувалиште Саранда во Албанија.

Димоски истакна дека патролите во Струга и во Саранда ќе претставуваат гаранција повеќе за безбедноста на нашите туристи во Саранда односно за албанските државјани во Струга.

Неколку сезони наназад мешани македонско-српски полициски патроли патролираа за време на главната туристичка сезона во Охрид, додека македонски полицајци оваа сезона се дел од мешани патроли во црногорскиот град Будва, како и во Шибеник на хрватската ривиера на Јадранското Море.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници