Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази жалење дека немало консензус меѓу лидерите на ЕУ за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Германија смета дека со исполнување одредени услови можеше да дојде до отворање преговори, но немаше единствен став за тоа. Ќе се вратиме на ова прашање на Самитот за Западен Балкан во 2020 година, порача Меркел.

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Таа оцени дека ЕУ сега мора блиску и силно да работи со земјите во регионот за да, како што вели, што е можно повеќе да се ублажи ударот на ваквата одлука.

– Разочарувања секако ќе има, заклучи Меркел.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ