Меркел: Се исплати на Северна Македонија да и се даде европска перспектива, но шансите за датум не се добри

Од:

Шансите за постигнување согласност на Самитот на ЕУ за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија не се добри, оцени германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот, пренесува Дојче Веле.

– Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива, рече Меркел.

Пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел, канцеларката Меркел во германскиот Парламент даде владина изјава, а на самиот почеток се осврна и на темата проширување на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

Во изјавата додава дека во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ-партнерите, кои се уште имаат задршки кон почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување, но сепак, како што вели, шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот не се добри.

– Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ, истакна Меркел, според која приемот на земјите од Балканот е во интерес на Германија и на самата ЕУ.

Посочи дека земјите од ЕУ мора да опстојат на дадените ветувања кон овие земји, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ.

По вчерашната средба во Тулуз со Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. Макрон кажа дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно. За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ