Мери Дика Георгиевска е нов претседател на Апелацискиот суд Скопје

Од:

Судскиот совет на денешната 429-та седница донесе одлука со која за вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија од Апелационен суд Скопје.

Судскиот совет, на денешната седница, претходно донесе одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Лидија Димчевска, која од март 2018 година беше в.д. претседател на скопска Апелација.

На седницата, било расправано и за избор на генерален секретар на Судскиот совет, но не е донесена одлука за избор, и ќе се носи на наредна седница.

Судскиот совет, информира дека на денешната седница бил разгледан и Извештајот од работна посета на Основен суд Гостивар.

Би можело да ве интересира

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Избрани осум судии за Апелациониот суд во Скопје: Извиси прворангираниот Лазар Нанев

Орце Костов

Апелација се правда: И казната од осум години за Ангелче е највисока досега

Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски

А1он

Апелациониот суд Скопје ги одложи јавните седници и расправи закажани за наредниов месец

А1он

Бојан Јовановски останува во притвор, жалбата му е одбиена

А1он