„Мерцедес“ излета од патот кај Облешево, загина возач

Од:

Во сообраќајна несреќа кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево почина возач, откако со автомобилот излетал од коловозот. Во моментов се работи на утврдување на идентитетот на починатиот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во СВР Штип несреќата е пријавена денеска во 9.43 часот.

– СВР Штип е пријавено дека во село Облешево, патничко возило “мерцедес” со кочански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Во близина на возилото бил пронајден починат возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт, се вели во соопштението од МВР.

Во тек е увидот на местото на несреќата и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа