МЕПСО: Невремето го прекина снабдувањето со електрична енергија во Дебар и околината

Од:

Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија во градот Дебар и околни населени места, информира АД МЕПСО.

-Тежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво падна врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. Националниот диспечерски центар на АД МЕПСО регистрира безнапонска состојба денеска во 10:35 часот, соопшти АД МЕПСО.

Екипите на МЕПСО се на терен и со сите средства се работи на создавање услови за вклучување на далекуводот и снабдување на Дебар и околината со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он