• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

МЕП: Европската Комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија

by А1он23/10/2024 - 14:2823/10/2024 - 14:40415
Share0

Министерството за европски прашања ја информира јавноста дека Европската Комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Северна Македонија, што претставува значаен исчекор во процесот на интеграција на земјата и регионот во Европската Унија.

Добивај вести на вибер

„Оваа одлука следува по деталната анализа од страна на Европската Комисија, која ја препозна релевантноста и сеопфатноста на реформските планови, особено во забрзувањето на усогласувањето на земјата со законите, вредностите и стандардите на ЕУ. Одобрувањето на оваа агенда овозможува пристап до финансиски средства во рамките на Фондот за реформи и раст на ЕУ, во износ од 6 милијарди евра. Фондот е дизајниран да го поддржи трансформативниот процес на Северна Македонија, осигурувајќи дека реформите не само што ќе ги зајакнат демократските институции и човековите права, туку и ќе ја подобрат економската интеграција на земјата со ЕУ.

Реформската Агенда, која е дел од поширокиот План за раст на ЕУ за Западен Балкан за периодот 2024-2027, е фокусирана на клучни социо-економски реформи и фундаментални области како што се владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Комисијата ги поздрави овие напори, истакнувајќи дека реформите значително ќе придонесат за социо-економска конвергенција со ЕУ и ќе ѝ помогнат на Северна Македонија во исполнувањето на клучните критериуми за пристапување.

Овoј важен чекор значително ја поткрепува стратешката определба на земјата за европска интеграција, истовремено интензивирајќи ја интеринституционалната соработка меѓу Северна Македонија и Европската комисија, со цел реализација на заедничките стратешки приоритети и долгорочни цели за целосно интегрирање во европските структури. Министерството за европски прашања ја реафирмира својата и посветеноста на Владата за ефективна и навремена имплементација на овие реформи, кои ќе обезбедат просперитетна иднина за сите граѓани“, велат од Министерството за европски прашања

evropska komisijaMEP

Би можело да ве интересира

Адеми: Европската Комисија ни даде најслаби оценки, такви не сме добиле во последните десет години

Горан Наумовски15/11/2025 - 11:36

Македонија не презема чекор и не ги внесува Бугарите во Уставот – извештај на Европската комисија

Катерина Ѓуровски04/11/2025 - 13:12

ЕУ реагира на концертот на Томпсон: „Го осудуваме секој израз на фашизам“

Горан Наумовски08/07/2025 - 18:39

Од 1. јануари во Бугарија само со евра

Катерина Ѓуровски04/06/2025 - 14:1904/06/2025 - 14:20

Фон дер Лајен: Самитот ЕУ-Велика Британија ќе ја зајакне соработката во областа на одбраната

Горан Наумовски19/05/2025 - 14:53

ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Катерина Ѓуровски14/05/2025 - 11:1714/05/2025 - 11:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен