Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Од:

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија обвини дека во СДСМ има „конфузија, некоординираност и очигледен раскол“ во ставовите околу измените на Законот за Влада.

На прес-конференција, Никола Мемов посочи дека во рок од еден ден од партијата биле испратени „меѓусебно спротивставени пораки“, што, според него, укажува на недостиг од единствен став.

Како пример, го наведе претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој изјави дека партијата нема да го напушти Собранието, туку само нема да учествува во работната група за Изборниот законик. Наспроти тоа, координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски, најави дека „ниедна демократска метода не се исклучува“ и дека се можни и други чекори.

Од ЗНАМ реагираа и на тврдењата на Спасовски дека немало доволно комуникација за Законот за Влада, оценувајќи дека тоа „не соодветствува со фактите“ и дека тој бил вклучен во процесот и имал можност да даде свои предлози.

„Кога во краток рок се испраќаат различни пораки за клучни прашања, се отвора дилема кој е официјалниот став на СДСМ и кој ја води партијата“, изјави Мемов.

Од партијата поставија и неколку прашања до СДСМ, меѓу кои дали ваквиот пристап значи блокада на процесите, дали се размислува за напуштање на Собранието и дали станува збор за стратегија поврзана со внатрепартиски позиции.

Според ЗНАМ, ваквото однесување создава политичка неизвесност и не придонесува за стабилноста на институциите.

„Собранието мора да остане место за аргументирана дебата и носење одлуки во интерес на граѓаните“, порача Мемов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он