Меморандум за соработка за проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“

Од:

Меморандум за соработка за спроведување на проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ потпишаа денеска Граѓанската асоцијација МОСТ, Асоцијацијата за демократски иницијативи – Гостивар, Центарот за економски анализи, Младинскиот културен центар – Битола, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ од една страна и Народниот правобранител од друга страна.

Проектот предвидува сеопфатен мониторинг на периодот пред распишувањето на изборите планирани за април 2016 година, спроведување на кампања за подигнување на свеста во врска со правото на глас и тајноста на гласањето, како и обезбедување поддршка на реформата на изборниот процес.

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов рече дека со потпишувањето на овој Меморандум во Македонија за прв пат се креира ваква платформа од граѓански организации и Народниот правобранител со цел набљудување на овој многу важен транзициски период.

Народниот правобранител Иџет Мемети рече дека ако слободните избори со тајно гласање се столбот на демократијата, тогаш обврска на институциите е да обезбеди услови за спроведување на слободни и фер избори, без притисоци и заплашувања пред, за време и по изборите.

Според Мемети соработката ќе придонесе за посеопфатен мониторинг и контрола над работата на изборните органи и државната администрација, како и за поголема информираност на граѓаните за ефективна заштита на избирачкото право.

Директорот и основач на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ Драги Змијанац истакна дека политичките партии треба да се грижат за потребите и интересите на децаат и да ги вградат во своите предизборни платформи, но не смеат да ги злоупотребуваат со тоа што ќе ги вклучат во своите видеоспотови, билборди и митинзи.

Проектот е поддржан од Амбасадата на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на кралството Холандија, Националниот демократски институт и Националниот фонд за демократија.

Би можело да ве интересира

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски