Меморандум за соработка меѓу ЈП за државни патишта и словенечки ДАРС

Од:

Јавното претпријатие за државни патишта и Државното претпријатие за патишта на Словенија-ДАРС ќе ја зголемуваат соработката, пред се во размена на искуства во примената на нови технологии, едукација и студиска посета на вработени и други активности поврзани со работењето на двете државни претпријатија.

Ова се предвидува со Меморандумот за соработка, кој денеска го потпишаа директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и Томаз Видич, директор на Државното пртепријатие за патишта на Словенија -ДАРС.

Како што информира Министерството за транспорт и врски, директорот Китанов, кој e во работна посета на Словенија, го посетил словенечкото државно претпријатие за патишта и се запознал со нивната работа и новите техологии кои ги применуваат.

– Разговараме за сите сфери од работењето на двете претпријатија, а посебно за новиот систем за наплата на патната такса кој се применува во Словенија и кој е иновативен во регионот. Сметам дека нивните искуства особено ќе ни помогнат во подобрување на капацитетите на нашето претпријатие, изјавил Китанов.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози