Мемети: Секоја граѓанска иницијатива е легитимна

Од:

Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети смета дека секоја граѓанска иницијатива, па и најавената иницијатива за собирање на потписи со цел утврдување на статус на предлагач на закон за амнестија на осудените лица е легитимна, и не гледа пречка да се даде можност за спроведување на едно вакво демократско право.

– Затворите секогаш биле во фокусот на интересирање на Народниот правобранител и тоа како од аспект на превенцијата, така и на заштитата. По добивањето на информации за иницијативата за собирање на потписи, како и најавата за штрајк со глад во казнено-поправните установи во земјата, тимовите на Народниот правобранител од главната и регионалните канцеларии се на терен во затворите низ Републиката со цел утврдување на состојбата, како и превенција и заштита на лицата кои се приклучуваат кон инцијативата за потписи, како и на оние кои ја одбиваат затворската храна, се наведува во денешното соопштение од канцеларијата на Народниот правобранител.

Омбудсманот потсетува на неговите препораки за преземање на мерки и дејства во правец на намалување на пренатрупаноста, обезбедување и подобрување на здравствените услуги со цел соодветна и навремена здравствена заштита како и подобрување на работата на Службата за превоспитување заради остварување на основната цел ресоцијализација на осудените лица.

Би можело да ве интересира

Левица: Државата месец дена без Народен правобранител за Вреди да инсталира партиски неподобен кадар

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Народниот правобранител Насер Зибери замина во пензија, пратениците ќе избираат негов наследник

Горан Наумовски

Во Македонија има околу 400 „невидливи лица“

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски