Презентирајќи го годишниот извештај за 2012 година, Народниот правобранител Иџет Мемети, рече дека не повел постапка за заштита на пратениците за настаните на 24. декември, зошто не смее да се меша во надлежностите на институциите.
„Реагирав и ги осудив нештата и бев загрижен за тоа што се случи на 24 декември минатата година. После два дена од тој настан, добив барање за постапка од новинарите и од ЗНМ и јас отворив постапка. Но не отворив постапка за заштита на пратениците, затоа што јас немам надлежност да се мешам во работата на Собранието.Во однос на новинарите, ја запрев постапката, бидејќи исто така немав надлежност да се мешам во постапката на институциите кои не се под моја надлежност. Знам дека новинарите беа спречени да добијат информации, но надлежностите толку ми дозволувааат – порача Мемети.
Правобранителот во годишниот извештај за 2012 констатира дека е зголемен бројот претставки поднесен до оваа институција а за тоа говорат и 1.356 предмети кои се поврзани со прекршено човеково право.
„Најбројни се преставките за судење во разумен рок, жалбите од постапките на извршителите, а што е најзагрижувачки, зголемен е бројот на предмети за нарушени права на детето, посебно во семејството и во образовните системи, каде децата биле изложени на психички или физиччки малтретирање“, рече Мемети.
102 граѓани побарале правна помош и совет од правобранителот, бидејќи не можеле да го остварат гласачкото право.