Народниот правобранител Иџет Мемети во пресрет на предвремените парламентарни избори ги повика граѓаните да пријавуваат предизборни нерегуларности и ги предупреди институциите на создавање на реални услови за овозможување и почитување на избирачкото право на граѓаните. Според Мемети најпроблематичен е избирачкиот список. Прашан дали не го прејудицира датумот на изборите, кога се уште партиите не се согласиле, тој рече дека навремено треба да се почне со исправање на сите нерегуларности, особено во избирачкиот список.
– Тој список не треба да се ажурира само 20 или 30 дена пред изборите. Не. Ако имаме кредибилен избирачки список, тогаш секој може да кредибилно да го оствари своето право. Целта на оваа прес конференција е да се потсетат раководните лица во институциите во однос на заплашувањата во јавната администрација – да не помислат да не помислат на такво нешто, затоа што уше поостро ќе реагирам ако дојдеме до такви констатации, рече Мемети.
Без разлика кога ќе бидат изборите треба да се охрабрат граѓаните да соработуваат со Народниот правобранител и да пријавуваат предизборни нерегуларности. А досега нема ниту една претставка.
– Избирачкиот список не кореспoндираше со изводите на избирачкиот список, додека едно лице го имало на едно место во првиот круг, за вториот круг го има на друго место. Јас констатирав многу лоша и непрофесионална на ДИК и на Министерството за внатрешни работи. Не може МВР да го менува избирачкиот список кога ќе му текне, а тоа се случуваше на минатите избори, а ДИК да седи со скрстени раце. На минатите избори, ДИК се претвори во продолжена рака на МВР. Во постапките сега кои ги водиме, констатираме страшно лоши работи. Начинот на кој се иксаора радиодифузната такса ни помогна да откриеме парадоксални слуачи. На граѓанин му дошло решение за радидифузна такса со адреса во МВР, рече Мемети.
Народниот правобранител ги повика граѓаните на бесплатниот телефонски број 0800 54321 да пријават секоја форма на притисок, прекршување на вашите права и на прописите, кај Народниот правобранител и непосредно во подрачните канцелариии.
– Ја повикувам Државната изборна комисија да подготви квалитетен Избирачки список кој нема да остави никаков сомнеж. Само на таков начин, сите заедно ќе придонесеме за кредибилен изборен процес.
Посебно се обраќам до тие што се на раководни позиции во институциите и до други лица во јавната администрација, да не се осмелат на каков било начин да вршат заплашување и притисоци врз вработените, да се однесуваат одговорно во спротивно таквото однесување е недозволиво и подлежи на кривична одговорност. Во оваа насока ги повикувам вработените во админстрацијата и сите други лица, без двоумење и страв сознанијата за таквите дејствија да ги пријават до надлежните институции и до Народниот правобранител, кој без исклучок ќе ја гарантира тајноста на податоците, рече Мемети.
А.Б.