Мемет: Не е констарирано зголемо загадување од фабриките

Од:

Кај индустриските капацитети во изминатите денови не е констатирано испуштање на емисии над максимално дозволените вредности во воздухот. Можна причина за високите концентрации на ПМ 10 честичките во воздухот е почетокот на грејната сезона и користењето на цврсти и течни горива за греење од страна на граѓаните.  

Ова денеска за МИА го изјави Фирус Мемет, директор на Државниот инспекторат за заштита на животната средина, појаснувајќи дека секоја година, од ноември до февруари, перманентно вршат контрола на повеќе локации во државата, во Скопје, Битола, Кичево, Велес….

– Заради состојбата во овој период вообичаено даваме акцент на капацитети кои подлегнуваат на А-интегрирани еколошки дозволи, дали тие испуштаат емисии над дозволените максимално пропишани вредности во воздухот или не. Овие неколку дена правиме контроли, меѓутоа согласно класификациите за вршење дејности тие капацитети што подлегнуваат под наша контрола се во рамки на дозволените емисии, а тоа се ОКТА, асфалтни бази итн. кои се вообичаени, рече Мемет. 

Тој укажува дека во овој период почнува грејната сезона, а дел од енергенсите коишто ги користат граѓаните се цврсти и течни горива.

– Тоа и струењето на ветровите влијае на загадувањето на амбиенталниот воздух, но, вели Мемет, засега има само индикативни податоци што укажуваат дека во овој момент причина е греењето на домаќинствата.

– Вонредни надзори досега немаме. Немаме пријавено, освен во Државниот инспекторат за земјоделство каде имало пријава за опожарено стрниште. Кај нас досега немаме добиено таква пријава, истакна Мемет. 

Тој појасни дека Вардариште како локалитет е во надлежност на општина Гази Баба и додаде оти таму редовно вршат контрола општинските инспектори за животна средина.
– Миризбата како сегмент, како материја нема параметри. Миризба не се мери. Ако има видлив чад, солзење на очи, кивавица тогаш да, инаку како миризба сама по себе не се мери. Се пријавува кај нас, обично од сендвичарници, од компании за хемиско чистење…, меѓутоа тоа е во надлежност на општинските инспектори и ние ги препраќаме таму. Ние исклучиво вршиме редовни и вонредни контроли на капацитети кои се под наша надлежност, како Цементарница, ОКТА…, нагласи Мемет. 

Секој инспектор, како што рече, има програма за работа за редовни и контролни надзори. – Не можеме да предвидиме вонредни контроли. Од прилика на месечно ниво се околу 30 надзори по инспектор, потенцира директорот на Државниот инспекторат за заштита на животната средина.
Во сите скопски општини, Тетово, Битола и Кавадарци се регистрирани високи концентрации на ПМ10 честичките.
Според мерењата, загаденоста е најголема во вечерните и ноќните часови, кога на мерните станици се регистрирани концентрации од 250 микрограми на метар квадратен во Лисиче и Тетово, 230 во Битола и Кавадарци, во Центар, Карпош и Гази Баба 180 и по 100 микрограми на метар кубен во Миладиновци и кај Ректорат во Скопје.
Концентрациите на ПМ10 честичките се намалени од утринските часови, но се над дозволените 35 микрограми на метар кубен.

Би можело да ве интересира

Бремените и старите нема да одат на работа, ама учениците ќе се гушат

Емир Латифовиќ

Не ни треба евакуација на населението, туку чист воздух!

Емир Латифовиќ

Загадувањето убива, за трипати зголемени повиците во Брза помош

Емир Латифовиќ

Аерозагадување во Скопје, Кичево, Тетово, Кавадарци и Велес

Емир Латифовиќ

Загаден воздухот во Скопје, Тетово, Битола и Кавадарци

Емир Латифовиќ

Тетово се гуши, Скопје и Битола одвај дишат

Емир Латифовиќ