Мемед: Сите мерни станици се во функција, аерозагадувањето на ниско ниво

Од:

Сите станици за мерење на квалитетот на воздухот во Скопје на Државниот инспекторат за животна средина се во функција, а резултатите од мерењето се објавуваат на веб страницата на Министерството за животна средина, изјави директорот на Државниот инспекторат Фируз Мемед.

Тој информира дека од компанијата Макстил имаат добиено известување дека работат во две смени и оти компанијата доби дополнителен рок за усогласување со Опеаративниот план и треба да се усогласи до ноември годинава.

Мемед појасни дека по усогласување со Оперативниот план ќе може да се мери загадувањето со прашина од Макстил.

Моменталната состојба со квалитетот на воздухот според мерењата покажуваат дека загадувањето во Скопе е на ниско ниво.

Од ДОМ денеска апелираа до наплежните инспекторати да ја зајакнат контролата на квалитет на воздухот и загадувањето кое доаѓа од Железарарница.

ДОМ ги поддржува граѓанските протести против загадувањето на Скопје од Железарница и апелира до надлежните инспекторати да ја зајакнат контролата на квалитетот на воздухот и загадувањето, особено во попладневните и ноќните часови, како и во деновите на викендот.

ДОМ очекува итна поправка и редовно одржување на инструментите за мерење на нивото на загадување на воздухот на сите мерни станици, особено на онаа во Гази Баба, зашто се наоѓа на подрачјето директно изложено на загадувањето од Железара.

Би можело да ве интересира

Бремените и старите нема да одат на работа, ама учениците ќе се гушат

Емир Латифовиќ

Не ни треба евакуација на населението, туку чист воздух!

Емир Латифовиќ

Загадувањето убива, за трипати зголемени повиците во Брза помош

Емир Латифовиќ

Аерозагадување во Скопје, Кичево, Тетово, Кавадарци и Велес

Емир Латифовиќ

Мемет: Не е констарирано зголемо загадување од фабриките

Емир Латифовиќ

Загаден воздухот во Скопје, Тетово, Битола и Кавадарци

Емир Латифовиќ