Мехмедовиќ: Тодоров донел упатство за грипот што самиот не го испочитувал!

Од:

Злате Мехмедовиќ, член на Комисија за здравство на СДСМ на прес конференција говореше за нови пропусти на власта во заминување околу грипот, во услови кога Македонија, како што рече, е една од земјите со најголем број заболени од грип во Европа!

Еве што кажа на прес конференција:

Никола Тодоров лично не го испочитувал упатството за грип што самиот го потпишал!
Еве го тоа упатство што Тодоров го донел на 27 февруари 2015 година.

Во него самиот Тодоров препорачува по можност БЕСПЛАТНИ вакцини за грип за ризичните групи граѓани, чие здравје може да биде загрозено! Но наместо тоа, набавени се десетици илјади вакцини помалку од потребното, а и тие што се набавени, на граѓаните им се наплаќани дури двојно повеќе од набавната цена!

Никола Тодоров во упатството го навел примерот на Финска каде бесплатна вакцина примаат лица кои можат да имаат сериозни последици од грипот, како бремени жени, сите лица над 65 годишна возраст, сите деца на возраст од 6-35 месеци и останатите ризични групи граѓани.

Но Тодоров во реалноста не само што не постапил според своето упатство, туку не ја испочитувал ни препораката на Светската здравствена организација, да се вакцинираат 75 проценти од старите лица, како и лицата кои спаѓаат во приоритетните ризични групи во Македонија. Спротивно и на препораката од СЗО, тој дал согласност за набавка на10 пати помалку вакцини потребните, еве во Законот за јавно здравје стои дека согласност дава министерот за здравство.Вакцинирани се само 7.7 проценти од лицата на возраст над 65 години и само 10 деца на возраст до 5 години!

И вакцината со набавна цена од 171 денар, граѓаните ја плаќале по 400 денари. Значи заработени се околу 90.000 евра врз грбот на ризичните групи граѓани.

Предупредуваме никој да не си игра со здравјето на граѓаните, бидејки ќе има одговорност. Потребна е итно новата одговорна Влада која сериозно ќе се грижи за здравјето на сите граѓани.


Би можело да ве интересира

Кузеска: Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност

СДСМ бара Гаши да постапи со Законот за бранителите исто како со Законот за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ тврди дека нема намалување на цените

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

СДСМ: Снопче, Мицкоски и Таравари да сработат нешто, не да се расправаат

ВМРО – ДПМНЕ: Безобразно е СДС да бара покачување на платите на наставниците