Мехази: Осигурениците да пријават незаконска наплата на здравствени услуги

Од:

Пензионерите од Струга денеска на работилница имаа можност да се запознаат со своите права и постапки во однос на плаќањето партиципација, рефундирањето средства од лекови, специјалистички консултации, како и за побрзо остварување на здравствената услуга.

На едукативната работилницата присуствуваа директорот на Фондот за здравствено осиугрување Џемали Мехази и секретарот на Здружението на пензионери во Струга Мирко Трпоски.

Струшките пензионери, според Трпоски, најмногу се жалат на плаќањето партиципација за услугите. Тој смета дека не е во ред да бидат изложени на дополнителни давачки по какви било анализи или прегледи.

Во однос на поплаките од пензионерите за плаќањето партиципација, директорот Мехази посочи дека секој осигуреник, меѓу кои и пензионерите имаат право да пријават за незаконско наплаќање за здравствените услуги.

– Осигурениците кои се сомневаат за бесправно наплаќање или им се скратува некое право можат директно во подрачната служба на Фондот да пријават анонимно за да не се плашат од евентуални реперкусии, а нашите контролори ќе излезат на терен, рече Мехази.

Доколку Фондот констатира дека има бесправна наплата на партиципација, според него, Здравствената установа се задолжува да ги врати парите или Фондот ќе ги рефундира.

– Нема да дозволиме ниту едне осигуреник бесправно да биде оштетен, нагласи Мехази.

На работилницата пензионерите имаа можност да слушнат за сите новини преземени годинава како резултат на измена на подзаконски акти, кои се однесуваат на областа на здравственото осигурување.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна