Меѓународна вежба за поплави во Пепелиште

Од:

Во Центарот за обука на АРМ во Пепелиште, општина Неготино денеска ќе биде изведено сценарио за поплави во Македонија во рамки на меѓународната вежба „MODEX 2017“ во организација на Дирекцијата за заштита и спасување и Механизмот за цивилната заштита при ЕУ.

Сценариото за вежбата е поплави во Македонија со фокус на активностите во делот на давање медицинска помош на погодени лица.

За оваа цел на вежбата ќе учествуваат медицински тимови од Италија, Австрија и Романија опремени со напредни полски болници со операциски сали. На вежбата ќе учествуваат и тимови за брз одговор од Дирекцијата и околу 150 статисти (глумци).

Денеска е Денот предвиден за набљудувачите на Меѓународната вежба MODEX 2017, која започна на 16 јуни, а треба да заврши на 20-ти овој месец.

Со вежбата, соопштува Дирекцијата, ќе се провери како функционира државата при прием на меѓународни тимови повикани од наша страна и како тимовите функционираат при вакви настани.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски