Македонската академија на науките и уметностите и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска го одбележуваат Меѓународниот ден на толеранцијата.
По тој повод организираат дебата на тема „Мултикултурализмот и толеранцијата – миграциите и предизвиците на социјалната интеграција“.
Меѓународниот ден на толеранцијата се одбележува традиционално по четврти пат и се предвидува во иднина на овој ден во Академијата да се одржуваат научни дискусии и дебати, при што на тој начин ќе се даде посебен придонес оа научен аспект на овој датум.