„Меѓаши“: Најголем проблем за децата е сиромаштијата

Од:

На СОС-телефонот за деца и млади за периодот од јануари до декември 2014 регистрирани се 102 контакти, информираа денеска на прес-конференција од Првата детска амбасада „Меѓаши“. Според директорот на „Меѓаши“ Драги Змијанац, оваа година најголем проблем е сиромаштијата за која што луѓето побарале помош.

– СОС-телефонот за деца и млади постои веќе 21 година и ќе бевме среќни децата и нивните најблиски да се јавуваа за љубовни проблеми што ги имаат, но за жал не се случува тоа, туку повеќе се вжештува линијата во однос на реалните проблеми што ги имаат децата или нивните најблиски во Република Македонија. Веќе не е проблем осаменост, оттуѓеност или агресија, веќе не е проблем ни насилство, тепачки во средните и основните училишта, туку најголем проблем оваа година што го регистрира нашиот телефон е сиромаштијата, истакна Змијанац.

Додаде дека 50 проценти од дојавите се поврзани со сиромаштија, односно со неписменост, злоупотреба на децата, исклученост од образование, со не доволна вклученост на децата во градинките, основните училишта, не завршувњето на средното училиште,

– Сето тоа ни дава право да го мобилизираме граѓанското општество, медиумите и државните институции дека децата не можат да ги остварат елементарните права токму погодени од сиромаштијата. Едно семејство за да го пушти детето во училиште мора да биде со уредна облека и обувки, со училишен прибор, а доколку тоа не се исполни ќе бидат дискредитирани и отфрлени од средината, рече Змијанац.

Семејното насилство, вели Змијанац, е вториот проблем во кој децата се потенцијални жртви, биле незаштитени и изложени на насилство во семејството. Иако многу често, рече тој, се говори за насилство врз жената или мажот, најголеми жртви се децата.

Третиот проблем оваа година се бракоразводните постапки во кои децата се потенцијални жртви на прекршување на нивните права и четвртиот е сомнежот за сексуална злоупотреба на децата од страна на близок или познаник на детето-жртва.

Психологот Јана Зенговска информира дека од 146 деца потенцијални жртви каде постои сомневање за можно прекршување на некое нивно право, 55 од тие деца се жртви на сиромаштија. Во тие случаи најчесто родителите барале помош за лекови или барале училишен прибор, храна или додаток за училишен престој.

– Семејно насилство опфаќа 16 деца од вкупниот број на потенцијални жртви, деца жртви на бракоразводни постапки се 15, а сомнеж за сексуални злоупотреба се јавиле за три деца што сепак не е мала бројка, истакна Зенговска.

Според Зенговска, на СОС-телефонот граѓаните најмногу бараат информација за тоа каде да се обратат за нивните проблеми што говори дека граѓаните стануваат се посвесни кои се институциите коишто можат да го решат нивниот проблем.

Од 102 јавувачи кои се јавиле во периодот од јануари до декември 2014 година во Првата детска амбасада „Меѓаши“, две се деца, а сто се возрасни лица. Од возрасните лица кои пријавиле случај четири се анонимни, еден случај е произлезен од одредена информација од медиумите и во два случаја дојавувач е правно лице. Според полот, 48 се јавиле женски возрасни, 44 машки, а од децата две машки. Според етничката припадност најголем број се Македонци или 51 дојавувач, 13 Албанци, 19 дојавувачи се Роми и 19 непознати. Најмногу од дојавувачите, односно 69 проценти, се од урбана средина, 17 отсто од рурална, а 14 проценти од непознати места.

Би можело да ве интересира

МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено

Ана Ололовска

Меѓаши: Децата се чувствуваат осамени, сакаат во училиште, пет проценти од учениците немале пристап до онлајн настава

Ана Ололовска

Традицијата на IT 4 Charity продолжува – edition 2021!

Ана Ололовска

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

Меѓаши: Апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години

Ана Ололовска

Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи

Ана Ололовска