(ВИДЕО) Заев: Еве го телефонскиот разговор во кој Груевски го договорил милионскиот кеш

Од:

„Никола Груевски очигледно не сака да биде искрен со македонската јавност. Два дена му даваме шанса да излезе во јавност и да каже јавно за 1.500.000 евра кои ги зел во кеш од газда Нини, за неплатениот данок од 225.000 евра и за криминалната оф-шор мрежа што ја краде Македонија. Ако беше чист, Никола Груевски ќе излезеше уште следниот ден на прес-конференција и ЛИЧНО ќе објаснеше што се случило, а немаше да се крие зад партиски соопштенија.

Никола Груевски, зошто ТИ не одговориш на поставените прашања, туку стигнуваат некакви панични соопштенија на Центарот за комуникации. Од каде би знаел Центарот за комуникации дали ти си зел еден и пол милион евра во кеш од газда Нини? Излези и  одговори, не ги вмешувај твоите соработници во калта во која си потонат до гуша,рече на денешната прес конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Никола Груевски, не мора да се закануваш преку соопштенија со тужба, еве јас те повикувам да ме тужиш. Кога веќе бегаш од мене на дебати, нема проблем, ајде да се сретнеме на суд. Ама ти лично да се појавиш на судењето, не да се криеш. И да биде јавно, со присуство на медиуми и на набљудувачи. Па, сите нека видат која е вистината.

Ти било тешко да ги сфатиш прашањата, не биле разбирливи. Биле измислици и халуцинации. Еве прашувам, појасно здравје, ако се ова измислици и халуцинации, зошто тогаш Груевски издаде ембарго на сите медиуми што ги контролира да објавуваат информации за случајот и за моите прес-конференции. Од што се плаши Груевски ако ова не е вистина? Зарем, господине Груевски, во 21 век веруваш дека ќе ја запреш вистината со цензура? Тешко ќе ти успее таа работа“, рече Заев.

„Знаејќи каков мрак создаде ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот медиумски простор, ние целиот материјал и сите докази ги преведовме и уште од денеска детално ќе ги запознаеме и претставниците на меѓународната заедница и странските медиуми.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе ги отстрани сите сомнежи околу тоа што и како се случило. Ќе објавиме аудио снимки од разговорите на кои под наредба на Груевски е договарана операцијата „продажба на Македонска банка АД Скопје“. Му се заблагодаруваме на загрижениот граѓанин, кој поради својата совест, решил да ни ги достави овие снимки и ги охрабруваме сите граѓани кои имаат вакви или слични докази за криминал во власта да ни ги достават зашто покажавме дека ние доказите не ги користиме за да се пазариме со Груевски, ниту да калкулираме, ниту да уценуваме, туку ги објавуваме во интерес на вистината.

Една работа е повеќе од јасна. На Никола Груевски не му е државата пред се, туку партијата, а со конечна цел негова лична заштита и заштита на фамилијата и бизнисот. Во Македонија не постои држава, не постојат институции на државата, не постои поделба на власта, постојат само интересите на партијата и на фамилијата што ја раководи таа партија. Сега на сите им е јасно зошто Груевски не дозволува да има фер и демократски избори. Си се чува себеси. Потсетувам дека за криминални продажби на банки во затвор веќе има поранешни премиери од регионот. Насекаде во регионот се случија промени, во Хрватска, во Србија, во Бугарија, во Албанија, само во Македонија – криминалната мрежа ја турка државата во целосна диктатура и пропаст.

Ги повикуваме надлежните институции да не чекаат наредба од Груевски како да постапат за случајот во кој тој ја игра главната улога. Многу афери досега беа заташкани. Оваа нема да дозволиме да биде заташкана. Го повикуваме господинот јавен обвинител Зврлевски да заборави на ромските балови и другите забави на кој другарувал со првите луѓе на власта, веднаш да отвори истрага за случајот и да бидат преземени сите мерки кои би биле преземени за секој друг граѓанин на оваа земја во истата ситуација.

Дозволете ми, конечно, како човек, а не како политичар, да го прашам Груевски една работа што мене лично ме вџашува. Па добре, бе, Никола Груевски, како сте можеле да влечете пари од оф-шор компаниите газди на Македонска банка дури во деновите по загинувањето на претседателот Борис Трајковски. Имате ли малку срам, морал, човечност? Кога целата нација беше во болка и во тага, очигледно само бизнисот на фамилијата не бил завеан во црно.

Поради ова што се случува изминатите два дена, сакам и најдиректно да му се обратам на Груевски. Престани да ми се закануваш мене, на моето семејство, на мои блиски и на луѓе од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Ако ова не е вистина, зошто тогаш закани да запрам и да не продолжам. Зарем веруваш дека ако мене ме запреш, вистината ќе остане засекогаш ваша фамилијарна тајна. Па, нели ти тврдеше дека вистиата е како шило, кога-тогаш ќе излезе на површина. Еве ја, Никола Груевски, излезе на видело вистината за твојата чесност.

Ви благодарам и ве поканувам заедно да ги погледнеме аудио-снимките кои ќе покажат кој лаже и кој халуцинира“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Во продолжение следува интегралниот тескт од СДСМ за објавените разговори.

Разговор со Јовица Стефановиќ – Нини 1

Нини : Работиме, што правите вие?

Соговорник: Еве, добар, добар. Јас сум во Берлин, еве тука стојам пред ресторанот. Со некои парламентарци имаме ручек. Ти се јавив, викам дај да ти се јавам на тебе и ми го даде бројот и гледам после тоа веднаш тројца скопјани тука, гледам жити се, десет минути изгубив со нив. Слушај, од каде до каде, тројца луше од Скопје случајно да ги видам тука.

Нини : Абе, гледаш како светот е мал.

Соговорник : Абе стварно е мал, абе. Ти како си? Добро?

Нини : Одличен.

Соговорник : Види вака сега, јас те барав еднаш, два пати минатата недела. Ти знам беше на пат, а ние во гужва.

Нини: Денес плативме 5,5 милиони, колку треба

Соговорник : Зошто, овааа…?

Нини : За акциите.

СОоговорник : А, за акциите, добро. А што јас и кажав на Верица… на Зорица. Таа е… ќе ги држиме тие од сумата пари што ни ја должите за на крај.

Нини : Добро, не е проблем, не е.

Соговорник : Ама да знаеш дека не е… сумата околу 280.000 евра се должи за тоа.

Нини : Нема проблем шефе на таа тема. Нема проблем.

Соговорник : Не, мислам сакам да знаеш дека е тоа коректно од наша страна.

Нини: И од една и од друга. Поинаку не може да биде меѓу нас.

Соговорник : Вака шефе сеа за другото без многу да се мислиме ако ми кажеш дека ова е прифатливо може веднаш да започнеме, значи ние стигнавме до 2,2 милиони евра, дали нашата понуда би била следнава 2,4 милиони евра, значи за 51% али тоа ќе зборуваме цена по акција после колку е од кои 900.000 жирално

Нини : Добро

Соговорник : 1,5 во кеш од кои десет месечни рати али што повеќе во прва рата да може на пример, дали 200, 300 во прва рата и другото во 10 месечни рати.

Нини : Може ли да ми дадете простор да се изјаснам доо, …  кога се враќаш тие денови.

Соговорник : Се враќаме петок, сабота

Нини : У петок сабота. Или ќе ме бараш или ќе те барам у петок или сабота.

Соговорник : Аха.

Нини : И ќе се договориме

Соговорник : Важи, … ама значи нее е голема разлика у тоа што дискутиравме последен пат

Нини : Ден, Ден, Ден, јас со вас нема многу да правам спогодби овакво ако тука нема што

Соговорник : Да

Нини : Значи може да зборуваме за се со вас, нема многу спогодби, ние треба пријателски да извршиме секоја работа

Соговорник : Да, да, добро

Нини : Према тоа тука нема да или не, значи, сметам дека сме блиски и не сме за денеска

Соговорник : Да, видите. Добро јасно.

Нини : Јас имам видено многу добро од таја партија, од тие луѓе иии од сите вас, значи комплетно како тим, према тоа нема тука, сакам несакам, можам неможам.

Соговорник : Да

Нини : Е само мора да ја запазиме процедурата, да кажеме јас тоа сакам да го купам преку српски фирми, да не почне после тамо да паламуде после, дали ме разбирате нешто лево десно

Соговорник : Не, види сега, тука тоа е друго прашање, оти ќе треба дозвола од народна банка, од тоа оноа па ќе треба да го измислиме добро.

Нини : Така еее, така е

Соговорник : Нели формалниот дел

Нини : Така, така

Соговорник : Меѓутоа мислам дека тоа 900.000 ќе помине кај гувернерот.

Нини : Добро, добро

Соговорник : Званичниот дел

Нини : Добро. Нема што кај гувернерот да помине или да не помине

Соговорник : Значи, …. не сумата како сума ќе помине, аааа,  значи уште еднаш 900 илјади жирално, тука ќе зборуваме после за другите детали дали да ги купеш акциите во офшоре фирмите или да ќи купеш само акциите на македонска банка ама тие се детали за кои ќе најдеме договор, ако најдеме договор за оваа.

Нини : Доброо.

Соговорник : Не е спорно другите финеси и детали мислам, тоа сакам да ви кажам

Нини : Добро.

Соговорник : Ааа, значи, уште еднаш 1,5 од кои да речеме 300, 400 во кеш во старт.

Нини : Добро, добро, неее, готово, нема потреба да зборувате ништо,  даа да да

Соговорник : И другото на десет месечни рати

Нини : Јасно, јасно јасно

Соговорник : Добро, добро

Нини : Вака сега, до сабота ќе се слушнеме, да видиме, …… јас ќе те барам

Соговорник : Значи , а во меѓувреме ако треба некоја консултација пак на овој број или

Нини : Не не само со вас, на овој број може да ме барате кога сакате, но внимавајте, кога јас не сум во канцеларијата никој не одговара на повикот, тој е мој директен телефон

Соговорник : Не, зборот ми е ако имаш потреба порано да ме контактираш преку Зорица, нека ми пушти смс.

Нини : Не, не, не нема проблем, јас директно ќе ве барам на мобилен, па вие ќе ме барате после.

Соговорник : Не, не, можно е да не дигнам оти сум на состаноци.

Нини : Но мојот број ќе го видите, со мобилен ќе ве барам.

Соговорник : Можно е мош не, ама ако имаш проблем прати ми смс порака

Нини : Добро

Соговорник : Прати ми порака , тоа ми е зборот

Нини : Ден договорено, значи,…

Соговорник : Било што порано прати ми порака

Нини : Значи до сабота ме чекате, до сабота не одлучувате ништо , сега е топката кај мене. Така ли е?

Соговорник : Топката е кај тебе, но ако ти си спремен порано да тргнеш и ние сме

Нини : Да, да ,да

Соговорник :… спремни тоа ми е зборот

Нини : Ве разбрав, фала

Соговорник : Ок

Нини : Најдоцна до сабота се слушаме

Соговорник : Ок, ајде пријатно

Разговор со Никола Груевски 1

Груевски : Да, ало

Соговорник : Еј, морав да ти се јавам. Од странскиот број ти се јавувам на овој број така што нема проблем

Груевски : Аха

Соговорник : Слободно може да зборуваме, нема теорија да не слушат, освен во Германија да не слушат.

Груевски : Да

Соговорник : Се слушнав сега со, соо овој Нини од Србија.

Груевски : Добро.

Соговорник : Јас сум излезен некаде, сега се враќам, ааа. Вака сега не даде ни да ни не

Груевски : Аха

Соговорник : Меѓутоа мое чуство е дека ќе прифати. Меѓутоа ме замоли уште еднаш до крајот на неделата треба, до петок сабота требало да биде, мислам сеа, знаеш не кажа да, не кажа ни не, ама пошто зборува за преку кои фирми би одело тоа, како би било, да провере регулација во Србија, најверојатно ќе треба да биде српска фирма, али останавме на тоа, значи 2,5 милиони евра за 51% али тоа ќе го прерачунаме во број на акции од кои 1,5 милион во кеш од кои 300 до 400 евентуално значи унапред

Груевски : Аха

Соговорник : А другите, другите милион и двеста во 10 месечни рати

Груевски : Аха

Соговорник : А деветсто илјади евра жирално. Сега и он самиот спомна јеби, може овој гувернерот Трпевски ќе ни прави проблеми, незнам

Груевски : Мислам дека ќе прави.

Соговорник : И он самиот спомна тоа.

Груевски : Мислам дека ќе прави особено ако сумата е слична со сумата на овие, а ние така го правиме нели.

Соговорник : Епа не е баш така, 400 илјади евра повеќе е. Овие нудеа 500 илјади

Груевски : Ама рачунајте дека овие ќе излезат со поголема сума, тоа им е само почетна позиција на нив.

Соговорник : Епа добро де, ќе одиме и ние нагоре сеа, јеби го.

Груевски : Да

Соговорник : Ќе оди он нагоре на сметка на кешот што ќе паѓа доле, тоа е тоа. Ааа меѓутоа позитивно ми звучепе, тоа сакам да ти кажам.

Груевски : Добро, добро

Соговорник : Ок, ќе се видиме

Груевски : И сеа кога треба да му кажеме

Соговорник : Он ќе ни  се јави до петок, ама кажа дека разгледува уште некој работи, замоли до петок

Груевски : Добро

Соговорник : Викам, нема проблем Нини. Али зборот ми е дека, сум 90% сигурен дека ќе го прифати ова, сега може да се врати назад ама ќе видиме.

Груевски : Добро

Соговорник : Али не кажа ни да ни не, мислам ни за сумата ништо не сакаше да зборува за тоа, само вика дај ми до петок да видам некој други работи па после ќе ти кажам што е моја позиција

 

Разговор со Јовица Стефановиќ – Нини 2

Соговорник : Ме слушаш

Нини : Те слушам, те слушам

Соговорник : Мора од специјални броеви да се јавуваме, сеа што да правиме

Нини : Како

Соговорник : Викам, мора да се пазам, хах

Нини : Да, да те разбирам

Соговорник : Ова е тука, тотално непокриен број од надвор број е така што можам комотно да зборувам, мислам би требало ептен несреќни да сме да се случи нешто. Вака сега Јоцо, значи ние остануваме на тоа, еве чекам да слушнам твоето мислење, нели кажа до петок сабота ќе се слушнеме

Нини : Не у сабота, значи денеска се договоривме Значи денеска, … кога треба да завршиме. Вака сега. Значи твој став е 2.400.000

Соговорник : Добро

Нини : 900 веднаш, ало

Соговорник : 500?

Нини : 900

Соговорник : Аха, 900 жирално, да

Нини : А останатото да биде на 10 еднакви рати

Соговорник : Е сега не, останато мислевме на пример 200 , 300 ако може веднаш и другото во рати

Нини : Чекак, може ли 200 веднаш, а да биде наместо 10, 11 рати?

Соговорник : Абе Јоцо, за тебе може, знаеш дека не одлучувам сам, меѓутоа сега мора и ние да бидеме флексибилни така што не можам јас да ти кажам меѓутоа еве јас

Нини : Чекај чекај, ако ова загусти, да треба порано

Соговорник : Аха

Нини : На таа тема не треба да разговараме воопшто не е ни важно што сме договориле. Ме разбираш?

Соговорник : Да, да да

Нини : Значи јас сакам да имам некоја основа, да имам темелно цврсто направен договор, ме разбираш.

Соговорник : Да

Нини : Ете така.

Соговорник : А види, би било до.. за мене на пример мислам би било прифатливо вака, еве 900 значи жирално

Нини : Веднаш ќе ги дадеме тие

Соговорник : Кажавме тие, ќе разговараме после за деталите оти има некој офшоре компании, дали ќе ги купис офшоре компаниите или акциите ама тоа се детали за кои ќе дискутираме кога ќе дојде време за тоа да не зборуваме сега меѓутоа значи 900 жирално. Значи мој предлог би било уште еднаш, 300 да биде кеш, веднаш, .. ало, ало ало

 

Соговорник : Ало

Нини : Даа, те слушам Дончев. Ден, те слушам

Соговорник : Нешто се губи линија. Добро значи. Еве. 900 се договоривме. Ете сега, милион и петсто, од кои, …

Нини : Не, милион и четрсто

Соговорник : Не бе Јоцо милион и петсто е

Нини : У право си, у право си шефе извини

Соговорник : Од кои триста би биле значи веднаш во кеш

Нини : Двесте можам веднаш, немој да ме тераш на триста

Соговорник : Добро, 200 значи веднаш

Нини : Така е

Соговорник : Тоа останува милион и четрсто

Нини : Добро де колку останува , ќе пресметаме, 200 веднаш и останатото на десет еднакви рати

Соговорник : Јоцо, а може ли 200, 200 и после плус десет месечни рати. Значи 200 веднаш, 200 после месец дена, и тоа останува , милион и сто. Останува 110 по месец

Нини : Можее, може може

Соговорник : Значи 200 веднаш, 200 после еден месец

Нини : Ден се може, завршена работа

Соговорник : И 110 пута 10

Нини : Така е, може.

Соговорник : А за деталите ќе разговараме. Добро јоцо

Нини : Е кога да се видиме кажи ми?

Соговорник : Епа што побрзо, што побрзо. Само овој пат јас и ти и може и Борис ќе го донесам.

Нини : Кој сакаш тој само…

Соговорник : Али овај да остане, стварно нема потреба никој друг, за Марјан, за тоа нема потреба никој друг да знае

Нини : Ова е веќе дефинитивно, така?

Соговорник : Дефинитивно

Нини : Добро

Соговорник : Шефе, може

Нини : Добро, еве вака, јас ќе ги спремам документите

Соговорник : Кој ќе ти биде, извини

Нини : Ќе биде Југоремедија и Медела

Соговорник : Југоремедија од каде е?

Нини : Од Зренјанин.

Соговорник : Вранје?

Нини : Зренјанин, Зренјанин

Соговорник : Добро, а другата

Нини : Другата е Медела од Врбас. Сите детали јас ќе ти ги дадам утре или евентуално во среда

Соговорник : Добро, а кој ќе ти биде контакт човек тука, ќе имаш некој? Зорица ќе биде? Којј ќе ја бутка операцијата

Нини : Пак Зоре.

Соговорник : Значи ти информирај ја Зоре, јас и она да се сретнеме утре.

Нини : Добро, само да ви кажам нешто како ќе биде. Ќе дадам и три четири македонски фирми по пет посто да може да се пренесе.

Соговорник : Да

Нини : Сукцесивно, ме разбирате?

Соговорник : Да, да

Нини : Ете така, и тоа ќе може од утре да се работи

Соговорник : Да

Нини : Ете така, договорено

Соговорник : Тоа може, јас и ти кога ќе бидеш во Ниш пак

Нини : Јас во Ниш ќе бидам во среда.

Соговорник : Во среда, а претходно каде ќе си?

Нини : Во Врбац во Медела таму.

Соговорник : Каде е тоа незнам точно, подалеку е така?

Нини : Во Војводина. Блиску до Суботица е. Ноќта ќе одам таму, утре ќе бидам таму, во вторник навечер доаѓам.

Соговорник : Значи ние може евентуално, среда, четврток да се видиме, но ќе се договориме за тоа.

Нини : Во среда може да се видиме.

Соговорник : Меѓутоа битно е Зорица да знае и да ги води оперативно работите и да почнеме тука се што треба барања до гувернерот, сето тоа

Нини : Никој тоа веќе не смее да го знае.

Соговорник : Да

Нини : Само јас, ти и Зоре

Соговорник : Да

Нини : Ете така, договорено

Соговорник : А ,може сукцесивно…  ок ќе се договориме. По телефон си достапен така?

Нини : Секогаш.

Соговорник : Добро. Ок. Баш ми е мило, се слушаме, само напред, ајде шефе. Пријатно

 

Разговор со Никола Груевски 2

Соговорник : Али вака сега имам добри вести. Се слушнав со овој.

Груевски : Аха

Соговорник : Попладнево некаде кај 6, 7 саато беше, ааа, вака, значи он прифаќа, 2,4

Груевски : Добро

Соговорник : Значи за 51% од кои 900.000 ќе ги префрли жирално

Груевски : Аха

Соговорник : И еден и пол ќе ги префрли така, во готовина. Е сега од тие еден и пол,..

Груевски : 900.000 колку е тоа?

Соговорник : Што колку е?

Груевски : Колку е тоа 900.000, 50 милиони?

Соговорник : Околу 50 и неколку милиони, да.

Груевски : Епа како ќе го оправдаме, зошто даваме на него а не на овие другите,…  А тие 500 даваат.

Соговорник : Тие 500 даваат Никола.

Груевски : Да.

Соговорник : Мислам ние имаме тука флексибилност, нема тука, ако треба да се зголемува ќе се зголемува, не е проблем тоа.

Груевски : Да, да јасно

Соговорник : Е мислам дека сме ок, ааа, е ссега за деталите не зборувавме, мислам, и по телефон и тоа ќе решиме дали и како ќе тече понатаму ќе видиме, меѓутоа генерално прифати значи, од тие еден ипол милион што се во кеш.

Груевски : Аха.

Соговорник : Он предлага вака. Вика тоа е најмногу што можам да направам, 200 веднаш, јас инсистирав малце повеќе ама вика тоа е најмногу 200 веднаш сега, 200 после месец дена

Груевски : Аха.

Соговорник : И, тоа веднаш после потпишување мислам, 200 после месец време после потпишување, и 100 пута 10 месеци понатаму

Груевски : Аха.

Соговорник : За мене мислам дека е прифатливо, рзмисли вечерва, дај ми зелено светло утре и да започнеме што побрзо да го решаваме тоа, ако веќе не ти е уште сега.

Груевски : Ок е, прифатливо е, прифатливо е ајде

Соговорник : Значи да почнам утре, така?

Груевски : Значи за 12 месеци целосно ќе се покриеме, така?

Соговорник : Па да речеме 10 месеци од моментот на потпишување, 11 месеци од моментот на потпишување да.

Груевски : Ако потпишеме во ноември, до другиот ноември. Ок, прифатливо е.

Соговорник : Не види, мислам дека е сосема, сосема добра понуда..

Груевски : За ова претходното, за ова претходното како он, дава ли (???)

Соговорник : Па види вака, јас не сум се, поради тоа што сум бил на пат, не сме се виделе две недели и плус откога ги купи тие три и пол посто во банката му кажав да ги задржи се додека да му биде како гаранција.

Груевски : Добро

Соговорник : Од тие рати што ни ги должи до сега, така што сега …

Груевски : Ама последна рата може да му биде гаранција, неее.

Соговорник : Добро, не прави проблеми, како и да е на прави проблеми, последните две недели јас не сум имал време да ги видам бидејки на пат бевме. Така што утре ќе го видам.

Груевски : Добро.

Соговорник : Не е, мислам, не е, нема никави индикации дека имаме некакви проблеми, тоа ми е зборот

Груевски : Добро

Соговорник : Така што мислам дека е сосема ок.

Груевски : Е сега вака, како одма да алармираме, како да направиме сега. Со Љубе што да правиме.

Соговорник : Е сега они тука треба да си ја буткат таа процедура, не можеме ние, незнам како тече процедутрата сега, банката треба да го извести гувернерот дека е најдено купувач, треба да се согласат акционерите, значи треба да направиме сега

Груевски : Да не ни превземе некој мерки, он некако, банката уствари одма да пушти утре сабајле. Јави му на Боев вечерва.

Соговорник : Не, нене, неможе банката, треба прво овие да дадат некое

Груевски : Епа дај речи му

Соговорник : Да да

Груевски : Што побрзо да даде за да не…

Соговорник : Не вака, утре ќе се видам со Бо(а)јаџиев и овие да ми кажат кои се постапките за понатаму. Ќе се видам после со човекот на овој Нини…

Груевски : Слушај за Бојаџиев, уште некое време да не му кажуваме? А?

Соговорник : Некој треба да ми каже каква е постапката, кои се чекорите.

Груевски : Постапката е следна: Ако има преддоговор некаков одма треба да го испратиме во Народна банка за да види дека нешто се дешава…

Соговорник : Добро, што немаме такво нешто.

Груевски : Треба да го имаме, или, или тој веднаш да поднесе барање за народна банка уште утре, неговата компанија.

Соговорник : Добро

Груевски : Најбоље е тоа, одма да поднесе барање, во текот на утрешниот ден. Макар и некомплетно, а она…

Соговорник : А нели треба прво нашите, овај, собрание на акционери да даде согласност. Како може он да донесе барање, пред ние да имаме согласност?

Груевски : Нека поднесе оти ќе превземе мерки овој. И да неможе нека поднесе. Ме сфаќаш?

Соговорник : Добро, еве ќе зборам со Јасмина ако е така ама незнам овој да не го изреволтираме, незнам сега што да правиме.

Груевски : Кого да не изреволтираме?

Соговорник : Марија, да не почне да зборува.

Груевски : Не бе, ај зборувај, ама еве јас ти кажувам, ги знам тие работи горе доле знаеш.

Соговорник : Аха. Не, не е проблем јас ќе му кажам, но овој нека достават

Груевски : Добро е да има некој меморандум така да има. Ама ако нема, пошто ние немаме време да губиме. Он утре нека поднесе барање. Не, он неможе утре да поднесе комплетно барање. Ме сфаќаш?

Соговорник : Да.

Груевски : Неможе тоа утре да го направи, треба недела време да се подготвува за комплетно.

Соговорник : Он може само известување да каже дека е во разговор со претставници на аккционерите кој претставуват мнозински пакет, дека е постигната согласност, и се во тек постапки да се откупат 51% од тоа и тоа.

Груевски : Ви го поднесувам барањето, или напоменувам дека во текот на наредните денови барањето ќе биде комплетирано.

Соговорник : Ок, може така, значи прелиминарно извесување дека е донесена начелна согласност и дека во наредните денови очекуваме да се формализира процесот а во меѓувреме да свикуваме собрание на акционери и сето тоа да си тече како постапка, затоа ви викам, неможеме Марјан да не го известиме, мора да биде во тек.

 

 

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува