Меџити: Вреди ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје

Од:

Вреди ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје, како и за Општина Чаир, во Струга ќе го поддржи независниот кандидат Менди Ќира, додека за другите општини при крај се анализите и разговорите, и се очекува наредната недела да бидат објавени имињата на кандидатите, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

На новинарско прашање дали наредната недела ќе биде официјализирана неговата кандидатура за градоначалник на Општина Чаир, Меџити кусо одговори дека ќе бидат официјализирани сите кандидатури.

Во врска со коалицирањето во некои општини со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Меџити вели тоа нема да биде ништо ново, бидејќи, како што рече, од деведесеттите до сега секогаш владините партнери се помагале.

– Ништо ново, како од деведесеттите до сега во плурализмот секогаш владините партнери се помагале и ќе се помагаат, како што и опозициските партнери ДУИ, Левица, СДСМ очекувам дека ќе се помагаат, рече Меџити по потпишувањето на договорите за проекти финансирани преку инвестициските порограми на Министерството за животна средина и просторно планирање за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините.

Би можело да ве интересира

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Вреди: Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски