Меџити: Со Касами и Гаши разговаравме за принципите на нашата соработка

Од:

Изет Меџити, кој излезе од ДУИ и најави дека ќе формира ново политичко движење, по денешната средба со лидерите на Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши, објави дека разговарале за принципите на нивната идна соработка за обединување на албанската опозиција.

-Почитувани граѓани, истомисленици и соработници. Како што изјавивме претходно, силно ќе се ангажираме за обединување на гласот на опозицијата во земјата. Денешната средба со г. Касами и г. Гаши во Собранието на РСМ, каде што разговаравме за принципите на нашата соработка. Нашето искрено патување продолжува! Со среќа нека ни е!, напиша Меџити на Фејсбук.

Во одделни објави за средбата се огласија и Касами и Гаши кои истакнаа дека дискутирале за можно зацврстување на албанскиот опозициски блок.

-Денес имавме заедничка и многу конструктивна средба со Изети Меџити, кој работи во рамките на новото движење и со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Разговаравме за идејата за соработка и интеграција за создавање заеднички опозициски фронт како потреба на албанската политичка сцена. Во пријателска и конструктивна атмосфера разговаравме за следните чекори за плодна соработка на албанската политичка сцена. Останатите детали за оваа соработка ќе бидат откриени во следните денови, напиша Касами.

Гаши, пак, посочува дека се разговарало за подготовката на предлог понуда која дополнително ќе се прошири во предизборната програма.

-Помеѓу другото, разговаравме и за подготовката на предлог понуда која дополнително ќе се прошири во предизборната програма. Лавината веќе започна. На хоризонтот е државен удар на оваа моќ. На новите избори, новата влада, напиша Гаши.

На средбата, како што изјави претходно Меџити за дел од медиумите, станало збор и за утрешната расправа за уставните измени, за што рече дека нема дилема дека ќе дадат поддршка. За поддршката од Алтернатива за ова прашање, според Гаши, ќе одлучат партските органи, но нема да ги блокираат евроинтеграците на државата.

-Ќе видиме како ќе тече дебатата. Нормално на крај кај нас одлучуваат органите за такво битно прашање. Во суштина ние сме кажале дека сме за европски интеграции. Ние затоа и бевме дел од Владата и затоа ќе настојуваме, ќе направиме се да се отворат што побргу преговорите и поглавјата, изјави Гаши.

По средбата на Меџити, Гаши и Касами, потпретседателот на Беса Аријанит Хоџа исто така во објава на социјалните мрежи се огради од, како што напиша, политичките дејствија во т.н „опозициски блок“.

-Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива не имаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор. За детали за политичките убедувања и луѓето кои го делат истото политичко мислење со мене, ќе ве известиме преку прес конференција во текот на оваа недела, стои во објавата на Хоџа

Би можело да ве интересира

Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за нафта

Катерина Ѓуровски

Меџити: Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците

Поништена е одлуката за изградба на асфалтна база во Визбегово

Катерина Ѓуровски

Меџити: До Нова година ќе се донесе нов Закон за игри на среќа, кој ќе биде поригорозен

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со две третини од пратениците

Катерина Ѓуровски