Меџити: Обвинителството да отвори истрага за потрошените два милиони евра за Самитот на ОБСЕ во Скопје

Од:

Вицепремиерот Изет Меџити денеска изјави дека Обвинителството треба да покрене случај во однос на наодите во извештајот на Државниот завод за ревизија за, како што стои, потрошени околу два милиони евра без соодветна документација за организација на Самитот на ОБСЕ во Скопје кога Бујар Османи беше министер за надворешни работи.

-Да биодејќи тоа е така предвидено и службено. Значи кога ќе констатира Државниот заводот за ревизија, Обвинителството треба да покрене таков случај, но како и да е и ние тоа ќе го поттикнеме. Но, ништо ново за Османи, значи секаде кај што бил злоупотребувал…Само тој знае да објасни како може милион евра за еден ден да се потрошат за рентакар во една мала Македонија. Деновиве слушаме дека неговиот шеф на кабинет, поранешен во Министерство за надворешни работи, Мемеџаку, иако е опозиција, злоупотребува службени мејлови за кампањава, а може да замислите кога тие се власт, истакна Меџити во изјавата дадена по одбележување на 115 години од раѓањето на Мајка Тереза прашан дали очекува Обвинителството да покрене истрага во врска со наодите на ДЗР во однос на организацијата на Самитот на ОБСЕ .

Во однос на реконструкцијата во Владата која ја најави премиерот, Меџити рече дека се фокусирани на локалните избори, но и дека кога ќе дојде време за реконструкција ќе разговараат со владините поартнери.

Би можело да ве интересира

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

„Ми се јавуваа пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир“

Катерина Ѓуровски

Нека ви се честито дивоградбите, Арсовска по средбата Ѓорѓиевски-Меџити

Катерина Ѓуровски

Средствата за чистење на малата депонија во ОХИС се пренаменети за кампањата на Меџити, обвинија од Движењето Слободни и независни

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ