Меџити: Новата влада ќе се формира на 19 или 20 јуни

Од:

Претседателот на Демократското движење, кое е дел од Коалицијата „Вреди“, Изет Меџети денеска потврди дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, односно на 19 или 20 јуни.

Меџити соопшти и дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари министер за здравство.

-Јас и Таравари по секоја веројатност ќе бидеме дел од извршната власт – јас на функцијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води ресорот за здравство. Касами повторно ќе и се врати на Тетово, за да го заокружи мандатот кој успешно го започна. Можам да потенцирам дека „Вреди“ ќе имаме двајца албански вицепремиери во новата извршна власт. Сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците на Таравари. За вицепремиерското место за евроинтеграции деновиве треба да одлучи Алтернатива. БЕСА треба да одлучува за министерските места за економија и социјална политика, изјави Меџити.

Тече рокот од 20 дена за формирање на влада откако во четвртокот мандатарот Христијан Мицкоски го доби мандатот за формирање на влада. Новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. ВМРО- ДПМНЕ за формирање на владата водеше разговори со коалицијата Вреди и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е позната, а имиња се уште не се соопштуваат официјално.

Измените на Законот за државна управа што доцна вечерта во петокот поминаа на собраниска седница предвидуваат кон Министерството за економија да се приклучи сегментот труд, а делот енергетика, рударство и минерални суровини да бидат под надлежност на новото Министерство за енергетика. Сегашното Министерство за труд и социјална политика прераснува во Министерство за социјална политика, демографија и млади, а ингеренциите за туризмот ќе бидат под новото Министерство за култура кое ќе гласи Министерство за култура и туризам. Ќе се формира министерство за дигитална трансформација кое ќе го наследи досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, како и Министерство за спорт.

Би можело да ве интересира

Влен: Ќе продолжиме со ист интензитет да ги штитиме интересите на албанските и сите други граѓани

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата

Влен ја официјализира пратеничката група со девет пратеници, десеттиот ќе се приклучи наскоро

Горан Наумовски

Влен: Имаме целосна поддршка од меѓународната заедница

Влен: Се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ се движи кон бездната, најновите зделки повеќе не можат да го спасат