Меџити: Ќе изградиме модерно училиште за деца со посебни потреби

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со претставници на здруженијата на лица со посебни потреби, каде што го претстави својот план за похумана и поинклузивна општина Чаир, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

„Нашата визија е создавање на достапна и достоинствена средина за сите граѓани, без исклучок. Чаир треба да стане општина каде што лицата со посебни потреби ќе имаат целосна поддршка, соодветна инфраструктура и квалитетни услуги“, истакна Меџити на средбата.

Тој најави дека сите објекти и институции во надлежност на Општината ќе бидат приспособени според стандардите за пристапност, со што ќе се овозможат лесен пристап, функционална инфраструктура и достапни услуги за оваа категорија на граѓани.

Истовремено, ќе се поттикнува и приватниот сектор да го следи истиот инклузивен и одговорен модел.

Еден од клучните проекти во неговата програма е изградбата на модерно училиште за деца со посебни потреби, на просторот кај училиштето „Иднина“.

„Институцијата ќе има капацитет од 150 до 200 ученици, функционални простории на два ката, специјализирани училници за аутизам и други посебни потреби, со просторија за настава, одмор, спиење и рекреација“, рече Меџити.

„Ова ќе биде првото училиште од ваков тип во државата, кое ќе им служи на деца од 27 различни општини“, додаде тој.

Покрај инфраструктурните инвестиции, Општина Чаир ќе поддржи и организирање културни, рекреативни и социјални активности за лицата со посебни потреби, со цел нивна подобра инклузија, социјализација и благосостојба.

„Секој чекор што го преземаме има една јасна цел: да го направиме Чаир модерна, хумана и еднаква општина – каде што никој нема да биде изоставен“, заклучи Меџити.

Би можело да ве интересира

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Влен: Гласот за НАИ е глас за Левица

ВРЕДИ: Левица „сламката за спас“ на НАИ

ВЛЕН за Дебар: Мустафа Даути ја постави таблата на албански јазик на граничниот премин Блато

Предраг Петровиќ

Лeвица: Кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистичка реторика и етничка омраза кон македонскиот народ