Меџити: Граѓаните веќе се одлучни за промени и за достоинствено управување со општината

Од:

Вечерва, на отворањето на изборниот штаб во Дижонска 1, кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека граѓаните веќе се одлучни за промени и за достоинствено управување со општината, се вели во соопштението на кандидатот за градоначалник на општина од редовите на ВРЕДИ.

“19 октомври ќе биде историски ден за Чаир, за Скопје и за сите Албанци. Нашата победа ќе биде величествена, затоа што тоа е победа на граѓаните кои решија да чекорат напред со достоинство и надеж“, изјави Меџити пред присутните граѓани.

Тој нагласи дека Чаир цврсто застанал позади него: „Секое маало, секое семејство, секој млад човек, секоја мајка и татко се со нас, бидејќи знаат дека нашиот пат е чист, чесен и решителен да му го донесе на Чаир владеењето што го заслужува.“

Говорејќи за политичките противници, Меџити истакна дека тие ја загубиле довербата на граѓаните и станале симбол на лични интереси и политички пазарења.

“Тие повеќе не зборуваат за визија, бидејќи ја немаат. Не зборуваат за иднината, затоа што се заглавени во минатото. Граѓаните им свртеа грб, затоа што им го видоа вистинското лице“, рече тој.

Завршувајќи го својот говор пред граѓаните, Меџити порача дека победата е неизбежна.

“Секој ден поддршката за нас расте. На 19 октомври ќе ја крунисаме оваа битка со голема победа, кое ќе отвори нова епоха за Дижонска 1 и за Чаир. Нашиот пат е праведен и нашата победа е сигурна, затоа што ние сме еден глас“.

Би можело да ве интересира

Меџити: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот во Страчинце ќе има сериозни последици врз животната средина

Меџити најави дека ќе се затвори каменоломот во Страчинце

Горан Наумовски

Меџити: Гласот на еден млад човек е една од највредните работи во демократијата

Влен: Меџити води кампања заснована на искуство, визија и верба во потенцијалот на граѓаните на Чаир

Меџити: Ќе изградиме модерно училиште за деца со посебни потреби

ДУИ: Меџити, наместо да преземе одговорност, се крие зад празни оправдувања и се обидува да измисли дежурни виновници