Меџити до пратеничката Ајдари: Треба да дадете одговор за Дака, за Соравија и потоа да дискутираме за други прашања

Од:

Пратеничката Рина Ајдари од Европски фронт на денешната седница за пратенички прашања го праша првиот вицепремиер Изет Меџити за неговиот сопартиец во Вреди, Биљал Касами, со тврдење дека како градоначалник на Тетово продал „за приватни интереси“ јавен простор во центарот на градот, парцела од околу 2.900 квадратни метри за 190.000 евра, а, како што рече, реалната цена е десет пати повисока.

На обвинувањата за градоначалникот на Тетово, Меџити на седницата за пратенички прашања одговори дека во таа општина се познати парцелите дадени на црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака кој е, рече, „на црната листа на САД“.

-Беше скандалозно тоа што вие го направивте во Тетово со Дака Давидовиќ, парцела со големи размери од Тетово. Најтрагично е што не е инволвиран „Српски свет“ туку црногорското и српското подземје. Вие немате никакво морално право да обвините некој друг ако такво нешто е продадено. Јас ќе ви дадам одговор и за конкретното прашање што го поставивте и ако треба ќе дискутираме и како го донесовте Дака Давидовиќ во срцето на Тетово. Треба да дадете одговор за Дака, за Соравија и потоа да дискутираме за други прашања, додаде Меџити.

Незадоволна од одговорот, пратеничката Ајдари реплицираше дека тоа што го тврди било во периодот кога тој (Меџити) бил потпретседател на ДУИ и, како што рече, бил „тесно врзан со структурите за кои алудира дека го направиле тоа“.

Би можело да ве интересира

Меџити потврди: Најверојатно ќе бидам кандидат на ВРЕДИ за Чаир

Меџити: Вреди ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје

Што носи Законот за игри на среќа: Објекти на 500 метри од училишта, забрана за рекалмирање, нема казина во населени места

Меџити: На секој Албанец му се дава шанса за вработување во администрација – шерифите од Речица остануваат без работа

А1он

Соработничка на Меџити добива државни пари од три институции, тврди Левица

Таравари избра да оди со ДУИ, нека му е со среќа, изјави Меџити